Не мора на се’ моментално да реагираш, бидејќи некои работи можат да причекаат

Силен си кога ќе сфатиш дека својата фрустрација и незадоволство не ги трошиш на другите бидејќи знаеш дека со тоа не се постигнува ништо, само можеш да загубиш некои убави можности на заеднички живот.

Кога во главата ќе престанеш да размислуваш кој треба да се грижи за твојот живот и кога ќе сфатиш дека си сам одговорен за она што си и што можеш да бидеш. На крај, ти носиш одлуки кои твојот живот ќе го направат подобар.

Не си силен кога владееш со другите, силен си кога ќе престанеш да се споредуваш со други, знаејќи дека секој од нас го живее својот живот и дека тоа што си моментално во нешто подобар, не значи дека утре ќе биде така.

Силен си кога повеќе немаш изговори, себеси да се правдаш зошто не издржа, зошто не беше доследен во она што сметаше дека е важно, зошто не го извлече и последниот атом од силата, туку се предаде тогаш кога ти беше тешко.

Не си силен кога владееш со другите, туку кога владееш со себе. Силен си кога проблемите од минатото ги оставаш зад себе, знаејќи дека тука ништо не можеш да направиш, а кога грижите на иднината ќе ги оставиш таму бидејќи тоа време уште не дошло.

Силен си кога ќе се решиш од потребата да им удоволуваш на другите и кога ќе сфатиш дека не мораш на се’ моментално да реагираш бидејќи некои работи можат да причекат.

Силен си кога ќе сфатиш дека е подобро да бидеш сам, отколку покрај некој што ти прави нелагода, бидејќи сфаќаш дека луѓето не можат да ти дадат она што ти треба и она што бараш.

Силен си кога ќе сфатиш дека во животот не треба да ги трпиш луѓето, па одлучуваш да направиш дистанца. Силен си кога можеш да ја избереш својата иднина не загрозувајќи ја туѓата и живееш најдобро што можеш.

By Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: