Што и да правиш, потруди се прво да бидеш среќен

Волшебното прашање е: ‘А што е со овој момент?’.

Кога ќе размислам за нешто, што се случило во минатото, се прашувам што би се случило или што не би се случило, или кога се губам во обидот да ја контролирам иднината, се прашувам што е со овој момент, дали се случува ова, токму сега? Одговорот е не.

Може да се случи за две недели или во следноте 10 мин или за две секунди, или токму сега да се случи, но сега?!? Сега не се случува…И тогаш се прашувам? Што моментално се случува? Токму сега во овој момент? И се фокусирам на тоа.

Минатото е минато и не можеме да го промениме. А за иднината…таа секогаш ионака, доаѓа поинаку, отколку што сме мислеле дека ќе се случи. Она што е важно – како реагираме на ‘овде и сега’. Во секој случај, тоа е единствена работа над која имаме контрола.

Кога размислувам за нешто што ме повреди, се прашувам ‘а што сега?’ Дали тоа сега ме боли? Секако дека не боли. Тоа е само меморија, (спомен) од минатото за таа болка. Или идејата која може да се случи. Меморијата и идеите, константно се градат и создаваат внатре во нашите глави, но тоа не се дел од нашите моментални реалности.

Кога ќе се запрашате што моментално сега и овде се случува и ако се концентрирате на тоа, болката истиот момент исчезнува. Кога ќе се уплашам, се прашувам- ‘а што сега?’ Дали имам сега таков проблем? И одговорот е секогаш не.

Никогаш немаме проблем во овој момент. Кога моментално имаме проблем, премногу сме окупирани со инстиктивно реагирање и воопшто не размислуваме за тоа. Ако сте способни да прашате такво прашање, тогаш немате проблем.

Открив колку е силно прашањето додека планинарев и се качував по планините. Поголемиот дел од планинарењето го поминав во пешачење, но на некои места морав да се искачувам. Не беше комплицирано качувањето, но, бев сам и се качував без било каква сигурност.

Дојдов до еден дел од провалијата која требаше да ја поминам. Качувајќи се по едната страна, се одрона дел од земјата под моите нозете. Јас се плашам од висина и во еден момент погледнав долу:- Ох, по ѓаволите, ќе паднам, ќе умрам!!! Никогаш нема да ме пронајдат!

Таквите мисли потполно ме парализираа, така да останав заглавен држејќи се за парче цврста стена и не помрднувајќи се воопшто. За среќа, во некое одредено време, се сетив да се запрашам: ‘ОК, но што е токму сега? Дали сега имам проблем?

Не, пред две- три минути кога се лизнав и ‘умрев’ токму сега! И сфатив дека немам. Со двете раце и нозе се закопав на цврстиот дел и никаде не пропаѓав или лизгав. Така почнав да се форсирам, дека сето свое внимание го фокусирам само на сегашниот момент, на моето внатрешно тело, на крвта која тече по моите жили, на ветерот кој ми дуваше во главата, на мирисот на планината…се додека паниката не помина.

И тогаш повторно се прашав:’ А сега, имам сега проблем? Сеуште нема проблем..Повторно сето свое внимание го насочив кон сегашноста, тој одреден момент во кој се наоѓав, и со лесни покретни успеав да се качам на сигурната страна на провалијата.

Ekhart Tole

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading