Лав
Жена Лав
Лавиците кои се во врска или брак повеќе време ќе поминат дома, средувајќи се себеси и домот и со други членови на семејството. Социјалниот живот најмалку ќе ве интересира, па дури и вашите налози на социјалните мрежи во некој момент ќе изгледаат напуштено. Од партнерот ќе добиете совршена поддршка во се’ што правите. Во оваа година се обновуваат врските, се зајакнува блискоста, се поврзувате на некое подлабоко ниво. Слободните Лавици ги очекува потполно други активности. Можни се познанства, контакти, дружење, флерт. Сепак, не е сигурно дали во оваа година ќе започнете некоја нова и сериозна врска, секако ќе уживате во нов круг на луѓе, ги пуштате работите да одат по свој тек, а тоа може да ве изненади во вистинско време.
Маж Лав
Зафатени мажи Лавови исто така ќе уживаат во семејството, во подршката на партнерот. Во 2022 година ќе најдете се’ што ви треба за потполна среќа: грижа, разбирање, љубов, инспирација. Постои шанса за заеднички идеи кои ќе ги реализирате со својата страст. Можно е да почнете да се занимавате со семеен бизнис, спорт или креативност. Во секој случај, процесот ќе биде продуктивен и дополнително ќе ги зајакне партнерските и семејните врски. Осамените Лавови се фокусираат на љубов во виртуелниот свет. Можно е некој да запознаете преку социјалните мрежи, но можно е допишувањето да се претвори во убаво и романтично познанство. Можно е овој однос неповолно да влијае на вашите работни обврски, да заборавите на секојдневието и се’ што тоа бара од вас. Внимавајте на кого му го подарувате срцето.
Девица
Жена Девица
Зафатените Девици ќе зрачат со посебен шарм, харизма и неверојатна енергија. Ќе им годи внимание на другите, а имате и сјајна смисла за хумор. Тоа ќе биде ваша игра, а иако нема да го изневерите партнерот, можни се бранови на љубомора. Внимавајте кои граници ги преминувате, а турбуленциите со партнерот можете да го решите со комуникација. Сјајно е тоа што крајот на годината повторно ви носи склад, но важно е да бидете искрени и работете на довербата. Овој совет до некаде се однесува и на жените Девици кои се осамени. Ќе уживате во флертот, но избегнувајте зафатени личности или оние кои немаат сериозни намери кон вас. Своето срце дајте му го само на личноста која е достојна на неговата убавина.
Маж Девица
Оние кои имаат животен партнер ќе се потрудат во 2022 година да направат се’ за да создадат топло семејното огниште, светло и удобно. Овој совет треба да се сфати и фигуративно и буквално. Водете сметка за својот секојдневен живот, освежете го својот дом, трудете се да го унапредите односот со саканата личнист. Обидете се слободното време да го поминете во друштво на саканите. На мажите Девици кои сонуваат да ја запознаат љубовта, 2022 година не е препорачливо да експериментираат со чувствата, а уште повеќе, не е убаво да жонглираат со срцата на оние кои се вљубени во вас. Не играјте се со туѓи чувства, ако некој не ви се допаѓа, тогаш отворено кажете го тоа.
Вага
Жена Вага
Вагите кои се во брак или врска и понатаму ќе бидат опкружени со љубов и грижа со сродната душа. Меѓутоа, ќе одбивате активно да разговарате за било какви помали проблеми поврзани со животни работи. Главно време ќе заземе кариерата, социјалниот живот и перспективни проекти. Поради тоа ќе станете по малку ладни, а вашиот партнер ќе мора да се избори со ова. Слободните жени Ваги во 2022 година тешко ќе се обидуваат да го средат својот личен живот. Многу повеќе интересирања отколку потенцијални романси- ќе имате прилики за професионален раст или развој, а љубовниот статус трпи. Ѕвездите во 2022 година сепак ќе ви испратат интересни познанства! Не пропуштајте ги поради работата, уживајте во романтични вибрации. Една љубовна прилика можеби ви е судена- не ја пропуштајте!
Маж Вага
Иако кариерата ќе ви биде приоритет во 2022година, не го занемарувајте партнерскиот и семејниот однос. Постои можност на средината на 2022 да ви затреба помош или од сродната душа или на некој роднина. Тогаш е најдобро да покажете емпатија и да бидете поддршка. Ако сте отворени емотивно кон овие луѓе, тогаш се’ ќе биде во ред. Мажите Ваги кои се слободни нема да сакаат многу да зборуваат за емотивниот статус. Вашите соништа за обновување на бившата романса ќе биде доминантна на почетокот на следната година. Треба да размислите колку е мудро да се враќате во минатото. Ако одлучите да ја оживеете старата љубов, хороскопот порачува дека шансите се многу големи, посебно во втората половина на 2022 година.
Шкорпија
Жена Шкорпија
Жените Шкорпии, кои имаат партнер, речиси целосно ќе го променат односот во домот во текот на 2022 година. Во вашиот однос ќе завладее потполна хармонија, како и во љубовта, така и во распоредот на обврски. Во следните месеци ќе имате и други интересирања освен озогласено секојдневие. Овде најверојатно се работи за професионални достигнувања или некој друг личен проект. На овој или оној начин, другата половина ќе мора да превземе некои од вашите работи и одговорности. Жените Шкорпии кои од неодамна доживеале раскинување ќе можат конечно да ја заборават сета болка во 2022 година. Уште во првата половина на 2022 ќе забележите искрено интересирање за интересна личност. Не брзајте да се доближите, туку прво обидете се добро да се запознаете. Покажете се себеси во вистинско светло, во согласност со својата природа.
Маж Шкорпија
Шкорпијата во брак или врска ќе мора во 2022 година малку повеќе да се потрудат. Не ги потиснувајте емоциите ако вашата втора половина не покажува емпатија или разбирање. Отворено разговарајте за се’ што се случува. Секое криење на проблемите под тепих само негативно ќе влијае на вашиот однос. Можеби сега успевате да скриете некое недоразбирање или проблем, но тоа ќе порасне уште повеќе. Поминете повеќе слободно време заедно, надвор од секојдневните обврски. Мажите Шкорпии кои немаат друга половина исто така треба повремено да го слушаат гласот на своето срце. Погледнете околу себе во вашето опкружување постои личност која е подготвена да започне сериозна романса, но од некоја причина не забележува сериозна романса, ниту романтични вибрации. Што побргу реагирате на овие искри на љубовта, побргу ќе ја осознаете среќата.
Leave a Reply