Да се биде во врска не значи да се биде исполнет, како и да се биде сам не значи да се биде осамен. Тагата и депресијата не доаѓаат на повик. Не сте свесни колку жени кои наводно се наоѓаат во среќна врска или брак, сепак се чувствуваат осамено – навистина ќе се изненадите.
Многу жени сметаат дека тоа е неприфатливо. А другите пак мислат дека ќе ги осудат како се ‘неблагодарни’. Но, без оглед што другите луѓе ќе кажат, таквите жени и понатаму чувствуваат голема празнина во себе, што е многу важно да се промени. Никој не заслужува да живее со празнина и осаменост во себе.
Ако сте едни од оние кои така се чувствуваат, еве неколку совети:
- Првиот чекор е да ја идентификувате природата на проблемот. Дали вашиот партнер е причина за вашата осменост или нешто друго ви недостасува.
- Вториот чекор е отворено да позборувате со него. Бидејќи додека не му кажете на партнерот како се чувствувате нема да можете да го решите својот проблем.
- Третиот чекор е да сфатите дали вашиот проблем е решлив. Ако партнерот не сака да се потруди вашите чувства да се променат, дали таа врска воопшто има иднина?
- Четвртиот чекор е да сфатите дека ви е потребна промена. Се додека се наоѓате на местото каде се чувствувате осамено- секогаш ќе бидете осамени.
- Посакајте си себеси среќна иднина. Со вашиот партнер или без него- време е да живеете среќно
Leave a Reply