Не им верувајте секогаш на зборовите на мажите

Многу жени прават една голема грешка во врска, а тоа е што не ги слушаат мажите кога им зборуваат. Не’ учеа дека не треба секогаш да им веруваме што мажите зборуваат и дека треба да обрнеме внимание на нивните дела, меѓутоа и нивните акции можат да бидат збунувачки и да ни праќаат двосмислена порака.

Не му верувај секогаш на неговите постапки, бидејќи ако мажот вели дека не сака да се врзува тој ти ја зборува вистината. Ако мажот вели дека не сака сериозна врска со тебе, подобро е да го послушаш и да излезеш од оваа врска пред да развиеш силни чувства поради кои ќе ти биде тешко да излезеш.

Не можеш да го натераш да те сака и да го промени своето мислење. Тоа е негова одлука, а не ваша. Тој веројатно не сака намерно да те повреди, па затоа сака да биде искрен кон тебе. Многу мажи праќаат различни сигнали во ист момент- сакаат да бидат со вас, но не сакаат сериозна врска.

Се однесуваат како да се во сериозна врска со вас, но и понатаму ви зборуваат како сакаат само опуштена врска. Затоа не треба секогаш слепо да му верувате на неговите дела. Туку да слушате она што ви се зборува.

Ако мажот отворено ви каже дка не сака да се врзува, верувајте му, ако ви каже дека заслужувате подобро од него, во право е. Ако поверувате и слушнете она што мажот ви го зборува можете да се поштедите себе од многу болка и страдање во иднина.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: