Секој маж знае дека жената е чудесно, мистично, нелогично битие кое тој не може никогаш да го сфати

Женската енергија е вода, машката енергија е стена. Што водата и’ прави на стената?

Силата на водата е сила на упорна нежност. Благото, упорното влијание има моќ од стена да направи песок, да ја обликува и менува. Машкиот и женскиот принцип се со еднаква сила, но со друг поларитет, како две страни на магнетот. Секој е вреден на свој начин, но сепак користат различна енергија.

На нашето поднебје, женскиот принцип е речиси непознат. Жените се воспитани во машкиот принцип, такво е школувањето, таква е семејната атмосфера. Недостатокот на женскиот принцип, го гледаме во врските, општествената динамика, политиката и екологијата. Во сите земји каде жената е потисната, големо е нивото на агресија во општеството, чести се судирите и војните.

Жената е природен канал за манифестирање на женскиот принцип. Ако таа користи повеќе машка енергија, доаѓа прво до хормонална нерамнотежа, гинеколишки проблеми, депресија и други психички пореметувања. Машката енергија е прегруба за женското тело и ги оштетува фините енергетски канали што доведува до нерамнотежа.

Затоа е важно секоја жена да владее со својата природна внатрешна моќ, преку која на полесен начин ги остварува своите цели, без непотребна потрошена енергија, за да го доведе својот ум, дух и тело до рамнотежа.

Жената ја привлекува целта кон себе, мажот оди кон целта.

Привлекувањето и суштината на женската моќ

Говорот е машки принцип, женскиот е зрачење на емоции, намера и енергија. Голема е разликата да се прави нешто од љубов и да се зрачи љубов како енергија.

Често правиме нешто затоа што не зрачиме доволно енергија на љубов, некогаш и кон сопствените деца. Никој не очекува жената да е логичко суштество. Секој маж знае дека жената е чудесно, мистично, нелогично битие кое тој не може никогаш да го сфати.

Жената е бран. Мажот е стена, која можеме да ја кршиме на коцки и да ги ставиме во фиока. Денот поделен на часови е машки принцип. Жената може да живее со својот бран, со месечевите мени и годишни времиња. Бранот не може да се стави во фиока.

Целиот западен систем стимулира развој на машкиот принцип. Образовниот систем е таков. Во детството се развива мозокот и неуронските врски. Девојчињата, како мистични битија се претвораат во логички. Ја губат својата духовна и мистична основа, ја губат својата врска со океанот, со Вселената.

Целото опшество доаѓа во морален, економски, политички и еколошки пад. Тоа е резултат на паѓањето на женскиот принцип. Во модерниот свет, жената е многу уморна и исцрпена.

Еден индиски мудрец во врска со западната еманципација на жената рекол: ‘Во минатото мажите ги повредувале жените.Тогаш тие се побуниле и станале како нив. И така поразот бил потполн. Ако жените за нешто треба да се борат, тогаш треба да се борат за својата нежност’.

Добрата вест е дека женскиот принцип може низ вежби да се научи како да се препознае и со него да се управува. Како и секогаш во духовната пракса некои работи се во нас така очигледни и едноставни, а сепак така мистични и скриени. Кога еднаш ќе се активира Моќта на жената, светот ќе биде чудесно место за архетипски танц помеѓу Божица и Бог, место за космичко создавање, радост и креативност.

Извор: Atma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: