Љубовен хороскоп за 2022 година- Стрелец, Јарец, Водолија, Риби

Стрелец

Жена Стрелец

Оние кои имаат семејство, ќе им се случат нови пријателства. Околу вас ќе има многу нови луѓе со кои блиско ќе соработувате, а можна е доза на љубомора кај партнерот. Обидете се да разговарате искрено и да покажете дека нема причина за грижа. Запознајте го вашиот партнер со пријателите за да ги намалите причините за сомнеж. Повеќе транспарентност значи помалку судири. Осамените жени Стрелци имаат прилика да најдат некој, па судбината ќе ги спои со интересна личност во 2022 година. Меѓутоа, не брзајте во потполност да ги покажете веднаш своите мани и доблести- бидете таинствени. Што повеќе сте мистериозни, тоа периодот на запознавање ќе биде поинтересен. Можно е да се јави бившиот партнер, но добро размислете дали е вредно да се враќате во овој однос. Покажете дека сте среќни, слободни и подготвени да продолжите понатаму.

Маж Стрелец

Мажите Стрелци кои се во брак не смеат да се опуштаат претерано. Треба да ја освежат својата врска или брак со некој романтичен гест, за кој знаат дека нивната партнерка тоа го сака. Потрудете се односите да не ви станат монотони, туку смислете некои креативен начин да ги поправите. Можеби поради недостаток на страст во врската ќе помислите на друга личност, но не ризикувајте ја довербата. Слободните Стрелци треба повеќе да излегуваат и да се движат меѓу луѓето. Вашиот шарм е моќно оружје со кое ниту една жена не може да одолее. Меѓутоа, сродната душа ќе ја запознаете малку подоцна и затоа во меѓувреме уживајте во магијата на слободата.

Јарец

Жена Јарец

Жените кои се во брак или врска треба да ја разгледаат довербата и лојалноста во односот. Трудете се да водите сметка за себе и првенствено да бидете задоволни со себе, а на вашиот партнер ќе му бидете најпривлечни. Променете го малку стилот, бојата на косата, држењето… Направете се’ она што ве прави среќни, а потоа околината ќе ја забележи промената. И слободните жени во знакот на Јарец нека си го посветат себеси и нека се потрудат да бидат задоволни со својата внатрешна состојба, ако сакаат да најдат романса која може да се види само во филмови. Наместо да седите дома и чекате принцот да се појави на врата, вие почнете да излегувате меѓу луѓето. Имате максимална шанса за интересна средба.

Маж Јарец

Зафатените Јарци влегуваат во монотонија и треба малку да се разбудат. Обрнете внимание на вашата поубава половина и обидете се да ја вратите страста во врската. Ако забележите дека таа е често отсутна, активирајте се и повторно и освоете ја. Размислете што таа сака и изненадете ја. Секако, ова се’ важи ако вие не сакате да раскинете, но ако посакувате прекинување на врската, тоа ќе помине мирно, без непотребна драма. На слободните Јарци оваа година ќе им донесе непредвидени ситуации. Оние кои се во потрага по сродна душа, токму кога ќе помислат дека ја пронајдоа својата сродна душа, ќе се случи прекин. Не очајувајте, бидејќи од друга страна ќе забележите поглед од колешка со која никогаш сте немале близок однос. Таа ќе почне отворено да покажува интересирање за вас и ќе ужива во флерт.

Водолија

Жена Водолија

Жените кои се во брак, на кои им стана досадно се’ да биде на нивен грб, ѕвездите ќе им понудат неколку различни сценарија за иднината. Во вашиот живот ќе се случи неочекувано познанство. Колегата на работа ќе ви изјави љубов, но никаде не брзајте. Внимавајте какви одлуки носите и не започнувајте или не завршувајте ниту еден однос ако во тоа не сте сигурни. Добро размислете што ќе направите и водете сметка да не паднете под нечие внимание, туку одлуките носете ги сами. На слободните Водолии оваа година ќе им биде наклонета, бидејќи ѕвездите ќе ја зголемат вашата привлечност во очите на спротивниот пол. Добро размислете за својот избор, не се водете според интуицијата. Врската која ќе ја започнете во следниот период ќе трае долго, па затоа внимателно бирајте со кој ќе запловите во истата.

Маж Водолија

Мажите Водолии кои се во брак или врска ќе посакаат мала промена. Само водете сметка, бидејќи ако сте задоволни дома, не барајте изговор за промена. Изговорите доаѓаат во предвид само ако вашето интересирање за партнерката почнува да бледи или односите ви стануваат полоши. Ако тоа го забележите потрудете се промените да бидат минимални и дозволете таа да ви помага да ги поправите односите. Слободните Водолии имаат среќа, бидејќи ќе започнат врска со фатална жена по која сите се вртат. Но, дали тоа ќе ви донесе среќа? За ова ќе треба време. Ако не сте љубоморни, сигурно ќе биде во ред. Во оваа година Водолиите имаат можност да ги оживеат односите кои се одамна прекинати.

Риба

Жена Риба

Во оваа година, Рибите ќе почнат да се менуваат само ако дојде до критична ситуација во односите со другата половина. Типичен случај кога жената сака да прекине однос, но тогаш ќе ја смени фризурата. Надворешното освежување ќе ви помогне да ја изградите самодовербата, да се поврзете со себе, да си удоволите себеси. Не носете одлуки во расправа, туку со бистар ум одлучете што треба да правите. Многу жени Риби повторно ќе бидат слободни и подготвени за нова романса. Некои промени во изгледот и однесувањето не се исклучени за жени Риби кои поминале низ развод, неуспешна романса или едноставно се уморни од барање на достојна сродна душа. Ќе посакате да направите некои промени кои ќе ја истакнат вашата креативност и сила, а малку ќе ја ублажат чувствителноста и сонувањето. Можно е да откриете која личнист од опкружувањето е долго заинтересирана за вас. Ќе започне романса.

Маж Риба

За мажите Риби кои се во врска, ќе се случат пријатни промени. Другата половина ќе почне да цени се’ што правите за неа, а меѓусебното искажување на благодарност е неверојатно добро за односот. Избегнете ја љубомората, будејќи таа може негативно да влијае на секој однос. Бидете отворени за промени, нови активности со партнерот и заедно ќе зачекорите во некои нови патишта. Осамените мажи Риби не треба да бегаат од популарноста со која ѕвездите ќе ги наградат во 2022. Зголемената самодоверба е причина да ги признаете своите симпатии кон жената која веќе подолго време ја замислувате покрај себе.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: