Ако во животот не ви преостанува ништо што може да ве инспирира и охрабри -читајте меѓу редови

Нашата среќа во многу сегменти од животот зависи од разбирањето која врата треба да се затвори, а која треба да остане широко отворена. Понекогаш се соочуваме со околности, ситуации, па дури и сеќавања кои не’ парализираат.

Не можеме да се движиме напред и да се бориме за својата цел, се’ додека нешто не’ задржува и кочи на секој чекор. Што побрзо сфатиме што не’ спречува и тоа ќе го откачиме од нас, побрзо ќе продолжиме да редиме победи во својот живот.

Кога ќе се случат лоши работи, мора да бидете во состојба да го пуштите минатото и да ја затворите вратата, која води во страдање. Ќе дојде време, кога болката ќе престане: вашето искуство ќе биде лекција, а сеќавањата ќе ве потсетат кои сте навистина. Останете секогаш доследни на себе.

Вашата сегашност постои одвоено од минатото и затоа, не смеете да дозволите она вчера да го одреди она утре. Посебно ако тоа не ви носи среќа и не води кон нејзината потрага.

Изберете ја вратата, која сакате да ја отворите…и отворете. Ако немате нова прилика- отворете врата за неа!

Секогаш се плашиме од непознато. Не разбираме, што ќе се случи по поразот. Главната работа е да не заборавите како тие чувства се создале. Причината може да биде молитвата на вашето внатрешно Јас, да ги искористите новите можности. И секогаш се исплатува. Затоа отворете ја вратата за нови искуства, пуштете ги луѓето кои сакаат да бидат присутни во вашиот живот, нека бидат во близина, а напуштете се’ што ве спречува да продолжите понатаму.

Ова е вашата најдобра прилика да бидете вистински среќни. Понекогаш мислиме, дека вратата на иднината е затворена и дека во нашиот живот не преостанува ништо, што може да не’ инспирира и охрабри. Вашата среќа во потполност зависи од вас. А навидум затворената врата пред вас, навистина чека да ја отворите.

Најчесто имаме се’ што ни е потребно за успех, но тоа не го разбираме. Животот никој не го чека. Затоа жалењето, поради нашите дела или напуштање на сонот, нема никаде да не’ донесат. Животот оди понатаму и мораме да го следиме.

извор: Sеnsa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: