Среќата не е отсуство на проблем, туку способност со него да се соочиме. Замислете само какви прекрасни работи вашиот ум може да прифати, кога не би бил толку фокусиран на борбата со проблемите. Секогаш гледајте на она што имате, наместо на она што сте изгубиле. Не е важно што животот ви одзема, туку што ќе направите со она што ви остана.
Болката е дел од растот. Понекогаш животот ќе ги затвори вратите за да тргнеме напред. Тоа е добрата работа, бидејќи ние често не сакаме да бидеме иницијатори за промени додека околностите на тоа не не’ присилат. Кога времињата се тешки, сетете се дека ниедна болка не доаѓа без своја цел. Одалечете се од она што ве боли, но никогаш не заборавете на тоа што ве научила.
Само затоа што се борите, не значи дека сте неуспешни. Секој голем успех бара одреден вид на борба, за да се дојде до него. За добрите работи е потребно време. Бидете трпеливи и позитивни. Се’ ќе се нареди, ако не веднаш, тогаш еднаш, кога за тоа ќе дојде време.
Постојат две врсти на болка- онаа која ве боли и онаа која ве менува. Не давајте отпор бидејќи двете ве учат како да пораснете.
Се’ во животот е минливо. Секој пат кога врне дожд – тој ќе престане. Секој пат кога нешто ве боли- вие се лечите. По темнина, доаѓа светло. Секое утро на тоа не’ потсеќа, но често забораваме и наместо тоа, веруваме дека ноќта ќе трае вечно. Нема. Ништо во овој свет не трае вечно. Затоа, ако сега е се’ во ред, ужувајте во тоа. Нема да трае вечно. Ако работите тргнат наудолу, не се грижете се, ни тоа нема вечно да трае.
Само затоа што животот моментално не е лесен, не значи дека не можеме да се смееме. Секој момент ви нуди нов почеток и нов крај. Секоја секунда добивате друга прилика. Само треба да се прифати и да се направи од неа најдоброто што го можете.
Грижата и жалењето не менуваат ништо. Оние кои се жалат постојано, постигнуваат најмалку. Секогаш е подобро да се обидете да направите нешто големо и да не ви успее, отколку да не се обидете ништо, а во тоа да успеете. Не е завршено ако сте изгубиле, завршено е кога не работите ништо и поради тоа се жалите.
Ако во нешто верувате, продолжете да се обидувате. Не дозволувајте сенките од минатото да го замрачат патот кон вашата иднина. Ако денес се жалиме поради вчера, тоа утре нема да биде подобро. Наместо тоа превземете нешто. Она што сте научиле, нека го унапреди вашиот живот. Направете промена и не се осврнувајте повеќе.
И без оглед што ќе се случи на долгиот пат, сетете се дека вистинската среќа почнува дури тогаш, кога ќе престанете да се жалите на своите проблеми. И почнете да бидете благодарни на сите проблеми кои ги немате.
Вашите лузни се симбол на вашата сила. Не се срамете од лузните кои животот ви ги даде. Тоа значи, дека болката престанала и дека раната е затворена. Тоа значи, дека ја победивте болката, ја научивте лекцијата, станувате појаки и продолжувате понатаму. Лузните се тетоважа на триумфот и бидете горди на нив. Не дозволувајте тие да ве држат како заложник. Не дозволувајте да ве натераат да го живеете својот живот во страв.
Не можете да ги натерате да одат, но можете да го смените начинот, на кој ги доживувате. На лузните гледајте како на знакови на вашата сила, не на болка. Руми еднаш рече: ‘Раната е место каде во вас влегува живот’..Ништо поблиску до вистината.
Од страдањето произлегуваат најсилните души на овој свет, чии животи се полни со лузни. Гледајте на нив како на знакови: ‘Да успеав! Преживеав и имам лузни, кои тоа го докажуваат! И сега имам прилика уште да бидам посилен’.
Секоја борба е чекор напред. Во животот, трпението не е работа на чекање, таа е способност на задржување на добриот став додека работиме на своите соништа, знаејќи дека работата е вредна за тоа. Затоа, ако се одлучите да се обидете, вложете време и одете до крај. Во спротивно, нема смисла ни да се почнува.
Тоа може да значи дека својата зона на комфор ја растегнувате и постојано чувствувате трпки. Тоа може да значи дека жртвувате врски и се’ што веќе знаете. Тоа може да значи дека некој ќе ве исмејува или дека некое време ќе бидете исмејани.
Самотијата може да биде подарок, која работите ги прави можни. Таа ви дава потребен простор. Се’ е тест на вашата одлучност, колку нешто навистина посакувате. Ако нешто посакувате, тоа и ќе го направите, без оглед на неуспехот, одбивањето и очекувањето. На секој чекор ќе се чувствувате подобро отколку што можете да замислите. Ќе сфатите како борбата не се наоѓа на патот- таа е патот.
И се исплаќа. Затоа, ако се обидувате, одете до крај. Не постои подобро чувство на светот…не постои подобро чувство од она што значи да се биде жив.
Негативноста на другите луѓе не е ваш проблем. Бидите позитивни кога негативноста ве опкружува. Насмевнете се кога другите се обидуваат да ве влечат на дното. Тоа е најлесен начин на кој можете да го задржите својот енузијазам и фокус. Кога луѓето лошо се однесуваат кон вас, продолжете да бидете она што сте. Не дозволувајте нечија огорченост да ве менува.
Не ги примајте работите лично, дури и кога такви ви се чинат. Луѓето ретко ги прават работите заради вас. Тоа тие го прават за себе. И покрај тоа, не се менувајте само за да го импресионирате некој кој ќе ви каже дека не сте доволно добри. Менувајте се бидејќи ве прави подобра личност и тоа ќе ве води во подобра иднина..
Луѓето ќе ве озборуваат без оглед на тоа што правите и колку добро работите. Затоа грижете се за себе, не за она што другите мислат. Ако во нешто цврсто верувате, не се плашете за тоа да се борите. Големата сила доаѓа од надминување на она, што другите мислат дека е невозможно.
Само еднаш го имате овој живот. Искористете го мудро. Работете она што ве прави среќни, што ве прави подобра личност и што ви носи насмевка на лицето.
На крајот, силата доаѓа кога имате причина за плачење и жалење, но наместо тоа, изберете насмевка и ценете го својот живот. Во секоја борба со која се соочуваме се крие некој благослов, но, за да го видиме тоа, потребно е да бидеме со отворено срце и ум.
Не можете да присилите да се случат некои работи. Можете само да полудите обидувајќи се. Во еден момент потребно е само да пуштите да се случи она, што треба да се случи. Да се сака својот живот значи да се верува на својата интуиција, да се ризикува, да се губи и да се наоѓа среќата, да се ценат сеќавањата и да се учи од искуство.
Тоа е пат на долги патеки. Престанете да се грижите и да се сомневате во секој чекор. Живејте свесно во моментот и уживајте во она што животот ви носи. Можеби нема да завршите таму каде што сте планирале, но на крајот ќе стигнете токму таму каде што треба да бидете.
Не се плашете да станете и повторно да застанете на своите нозе. Не се плашете повторно да сакате. Не дозволувајте пукнатинките во вашето срце, да се претворат во камени рани. Пронајдете храброст да се чувствувате поинаку, но сепак убаво. Пронајдете ја во своето срце, желбата другите да ги насмеете.
Сетете се дека не ви се потребни многу луѓе во животот, само неколку добри и затоа не се спуштајте постојано на ниво, во кое сметате дека ви требаат повеќе пријатели. Бидете јаки кога работите ќе тргнат наудолу. Сметајте дека Свемирот секогаш ви носи во животот се’ она што е правилно. Препознајте кога не сте во право и учете од тоа.
Извор: atma
Leave a Reply