Не се потпирај на другите луѓе за да не се разочараш

Сфатив дека е многу подобро да направиш сам, она што можеш да направиш сам. Треба на луѓето да му се даде доверба, но не треба да се претерува во тоа, бидејќи кога ќе претераш, тогаш си се казнил самиот себе бидејќи луѓето не се виновни што твоите очекувања за нив не се онакви какви што всушност се тие вистински.

Кога престанав да се потпирам на другите, сфатив дека не морам да се преправам пред луѓето дека е се’ во ред, кога не е во ред. Се оддалечувам, а работите кои можам да ги решам, ги решавам, а оние кои не можам, ги прифаќам онакви какви што се.

Сфатив дека низ животот не треба многу торби да се носат, било да се ментални, емоционални и затоа почнав да се ослободувам од сите непотребни работи и врзувања за нив, кои подоцна можат да ме повредат.

Кога своето потпирање на луѓето го сведив на минимум, многу сум посреќна и помирна личност, бидејќи го чувствувам мирот за кој платив висока цена.

Не треба на сите да му бидам се’, не треба да се оправдувам за нешто што правам по своја совест, не морам да ги објаснувам своите намери и да се правдам за нив пред луѓето, бидејќи и јас од нив не барам никакви објаснувања и оправдувања, не влегувам во нивниот живот.

Кога престанав да се потпирам на другите луѓе, живеам многу подобро. Сфаќам дека никој не е одговорен за мојата среќа, дека слободата е непроценливо благо, кое не се продава за ништо на светот. Сфаќам дека секој човек е потребно да се почитува, но еднакво важно е и да се побара почитување од другата страна.

Сфатив дека ветувањата на луѓето секогаш ги примам со резерва и така имам помалку шанси, некого да разочарам и некој мене да ме разочара.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: