Пушти го она што не ти е судено

Што имаш ти од тоа што својот проблем му го раскажуваш на некој кој не може да ти го реши, кој воопшто не е заинтересиран, оној кој и не те слуша што му зборуваш?

Како очекуваш дека ќе ти биде подобро ако ги кажуваш своите проблеми, секоја работа ја преувеличуваш, искривуваш, пренагласуваш и мислиш дека тоа ќе исчезне само од себе?

Научи да разговараш за работи кои не те оптеретуваат многу, не размислувај многу за негативните работи кои ти се случиле. Така само ќе ти се чини, дека ништо добро не се случува во твојот живот и нема смисла да се радуваш на нешто, ниту да имаш надеж за новиот ден.

Научи да разговараш за работите, со кои нема да се вадат ‘валканите алишта’, за подоцна да не мораш да се плашиш, што на кој си му рекол и кој на кого ќе ги пренесе тие зборови.

Еднаш треба да престанеш со тоа мрчење, не затоа што сите проблеми во твојот живот исчезнале, туку дека ти созреа. Животот никогаш нема да се прилагодува на твоите очекувања, бидејќи не постои пократок пат до целите до кои сакаш да стигнеш, дека и она што не посакуваш да ти се случи, може да се сврти во твоја корист.

Само треба малку трпение, кога си во кал, да не престанеш да веруваш, дека еден ден ќе излезеш од него. Замижи на едно око, на сите негативности околу тебе!

Научи да живееш со добрите работи во себе и она што е надвор од тебе, хранејќи ги своите мисли со позитивност. Ќе забележиш како твоите чувства ќе се прочистат и ќе добијат некој посебен сјај. Кога ќе ги негуваш своите мисли, како што го негуваш своето тело, ќе почнеш да откриваш еден нов свет, кој не си можел да го видиш додека си се хранел со негативности.

Тој нов свет во тебе, ќе направи, да почне да се менува и светот околу тебе. А тоа е голема работа.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading