Едноставно, некогаш во животот мора да ставиш точка и да започнеш нов живот

Едноставно, некогаш во животот мора да ставиш точка и да започнеш своја приказна, да пишуваш поинаку. Нема смисла да трупаш во својот живот се’ она што не сакаш и што не те исполнува.

Не гледај колкав е бројот на оние кои те разочарале, подобро прашај се зошто на тие луѓе си им верувала и покрај тоа што те повредиле неколку пати.

Не треба на секој да му објаснуваш што правиш, бидејќи се’ што ќе кажеш, луѓето брзо ќе го искористат тоа за да ти наштетат. Немој да се жалиш дека животот е тежок, ако некои работи не ги направи како што треба од почеток, бидејќи тогаш проба но на друг начин.

Можеби тропаш на погрешна врата, не гледајќи дека од спротивната страна се наоѓа отворена врата, која те чека. Не зборувај- ‘луѓето се вакви, луѓето се онакви’- луѓето кон тебе ќе бидат такви, какви ќе ги научиш да бидат. Ако ти не дозволуваш некое однесување, тогаш тие нема да се обидат.

Не се предавај, не се откажувај од она што сакаш, кога ќе дојдат првите проблеми. Малите работи на крајот можат да направат голема разлика, прашај се само што треба да направиш. Секое искушение има причина, а и време на траење.

Знај дека во моментите кога твојот разум, не може повеќе да најде причина да оди напред и да се бори, мора да погледнеш што се случува со твоето срце, за што тоа гори, што е она што го движи напред.

Некогаш во животот мора да ставиш точка и да ја започнеш својата приказна поинаку. Не затоа што твојата стара приказна е погрешна, туку затоа што ја надмина и сфати дека можеш и заслужуваш подобро.

Мора да го искусиш животот и од другата страна, не само да стоиш и да прашуваш зошто другите луѓе подобро живеат, зошто тревата во нивниот двор е позeлена. Побарај ја убавината на животот во она што ти дава, друга прилика нема да имаш.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading