Емоционално прејадување- барање утеха во храната

Барањето на утеха во храната после раскинување, стресен период, јадење повеќе од она што му е потребно на нашето тело е пореметување во исхраната -емоционални/емотивно јадење.

Мислиме дека се ‘нормални’ луѓето кои се во состојба да му одолеат на чоколадото или било што благо и убедени сме дека ако се контролираме да не паднеме во таа ‘внатрешна глад’ ќе успееме да најдеме совршен мир. Откриваме дека јадењето станува метафора за начин на живот кој го водиме и начин на кој управуваме со нашите емоции.

Меѓутоа во многу случаеви на присилно јадење, храната функционира како магла која не дозволува да го видиме вистинскиот проблем: губењето на емоционална контрола и присила да се потполни празнината во други подрачја на нашиот живот.

Односот помеѓу емоционалната празнина и храната

Храната може да стане замена за емоционална рамнотежа. Во многу случаи луѓето ги празнат ‘емоционалните фрустрации’ преку некое компулзивно дејство или така што ќе почнат со внесување на храна, најчесто благи работи. Она што ги тера е емоционален очај и празнина.

Диети во овие случаи не функционираат, бидејќи храната и тежината се симптоми, а не проблем. Ако сме искрени кон себе, можеме да видиме дека фокусирањето на тежината претставува начин да не обраќаме внимание на причините поради кои многу луѓе се свртуваат кон храната кога мислат дека се гладни.

Исто така губењето на тежина и постигнување на убава фигура ќе доведе до емоционално ослободување од болни случувања кои не’ мачат.

Маѓепсаниот круг на емоционалното јадење

Нашата грижа за телото е маска за подлабоки проблеми, а тоа создава маѓепсан круг на нерешени грижи кои ја успоруваат нашата способност на раст и развој. Според психолозите, храната е замена за љубов. Ако престанеме да го храниме злоставуваното дете кое живее во возрасна осамена личност, ќе можеме да негуваме љубов и интимност. На тој начин ќе се ослободиме од болката од минатиот живот и ќе решиме да се ослободиме од сегашноста. Само ако направиме простор за интимност и љубов, ќе научиме да живееме во храна и ќе престанеме да ја користиме како замена за љубов.

Постојат периоди кога мислите дека храната ќе ве спаси од себе, од негативните емоции, од вашата личност и од она што сте и од фактот дека е се’ онака како што сакате да биде. Се’ ова делува како магија која го засилува кругот во кој се мачите.

Кога вашата храна е без мерка, ова значи дека не водите многу грижа за себе. Барањето на утеха во храната и собирање на вишок килограми е често само симптом кој води во маѓепсаниот круг. Кога се препуштате на јадењето, ја зголемувате безнадежноста поврзана со вашиот проблем, што предизвикува уште поголем недостаток на контрола. Најчесто тоа прејадување ни користи како имагинарна поддршка.

Личноста која ја користи храната како засолниште е константно во хаос и емоционална драма.

извор: exploringyourmind.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading