Често се жалиме на работите кои ни недостасуваат во животот и копнееме за склад кој ни се чини недостижен. Вистинската промена, меѓутоа, се случува во нас самите или никогаш не се случува!
Кога ќе се најдеме во ситуација која не’ тишти, не’ притиска до ѕид и во нас раздвижува деструктивни прашања за себе и светот околу нас, многу брзо низ главата ни поминуваат мисли, како: ‘Другите се многу неправедни кон мене’! Или ‘Другите секогаш имаат повеќе среќа од мене’.
Тоа однесување е карактеристично за нас западњаците. Во азиските земји луѓето се навикнати да ја прифаќаат состојбата таква каква што е, бидејќи сметаат дека е тоа волја на Создателот. На запад, луѓето непрекинато се обидуваат да го оптимизираат својот живот и на некој начин да се свиткуваат кон сопствените желби.
Да го земеме за пример односот кон парите и среќата. Ако погледнеме на таа желба од друг агол, ќе видиме дека со преголемата желба за среќа и пари, укажуваме на тоа дека тие вечно ни недостигаат. Нашиот табиет на вечно кукање и бескрајно критизирање е препрека за прифаќање на околностите, такви какви што се.
Дури кога ќе ги прифатиме работите во себе, можеме да тргнеме на патот кон својот личен раст. Во потрагата за среќа и склад, прво треба да ги неутрализираме внатрешните судири, спротивностите, кукања и надменото размислување, дека за се’ знаеме како треба.
Тоа ќе го направиме со прифаќање на затекнатата состојба и ментално префрлање, во состојба без желби. Околу затекнатата состојба мора да се потрудиме, мора да работиме на проблемите кои се однесуваат на нас и тоа на начин, да не бараме изговори и секој момент да тргаме од себе.
Нашите размислувања и чувства секогаш се под влијание на тврдоглавото инсистирање, да ги сочуваме своите позиции и да ги одбраниме своите ставови. Ако сакаме да бидеме креативни и конструктивни, и активно да им пристапиме на сите проблеми во животот, мора да се свртиме кон промените во нас самите.
Формулата за тоа е едноставна: оној кој сака да го промени светот, мора прво да се промени себе. Тука не се работи за временски ограничен процес. За животот се учи цел живот. Темелот на се’ е настојувањето, самокритички да се согледаме и да создадеме вистинска намера да се менуваме.
Во креацијата на светот се’ е направено така, се’ да има смисла и совршено да се вклопува. Она што вообичаено се перципира како ‘случај’, всушност е резонанција. Така во животот се среќаваме само со оние луѓе, работи, теми и ситуации со кои сме на некој начин поврзани.
Сите работи подлегнуваат на законот на поларноста. Се’ има свој спротивен пол. Складот е можен само со баланс, а секој несклад нужно води до проблеми. Штом предност му даваме на вдишувањето (земање), а го запоставиме издишувањето (давање) на физичко ниво развиваме астма.
Темелна претпоставка за складен живот е всушност она што не’ поттикнува да го сфатиме спротивниот пол, кој мора да го интегрираме- само така ќе бидеме целовити и здрави. Секојдневното кукање, во главно, резултира со преценување на се’ што е лошо и недостапно. На тој начин забораваме да бидеме благодарни за се’ она чудесно и убаво, што сега го имаме во изобилство.
Оние кои препознаваат што е резонанција и ќе ги прифатат своите поларности, па ќе ја напуштат увежбаната улога на жртва, на најдобар пат се да се променат себе си на подобро, а со тоа и светот околу себе.
Најчести наши кукања:
1. Никој не ме сака! Јас самата себе не се сакам. Тоа е причина, зошто на другите им е навистина тешко, во мене да видат било што убаво. А всушност, кого да го сакам повеќе од себе? За тоа станува збор, кога ќе кажеме ‘сакај го ближниот свој, како себеси’. Да се сакаш себе си е почеток на се’.
2. Зошто никој не ме разбира? Ако сакам да ме разберат, морам да им се приближам, на оние кои треба да ме разберат. Мора она што сакам и да го кажам, но да можат да ме разберат.
3. Пак нешто зафркнав! Грешките се прилики, за да препознаеме она што ни недостасува и тоа да го интегрираме. Мора да научам дека никаде нема да стигнам, ако самата себе се кудам. Мора да се сакам и поради своите грешки и да пронајдам начин да го интегрирам она што ми недостасува.
4. Зошто другите имаат повеќе среќа од мене? Многумина мислат дека ќе бидат среќни, кога ќе добијат се’ она што посакуваат. Сосем погрешно!
5. Никој не сака да ми помогне. Прво морам добро да проверам, дали знам воопшто да молам за помош и дали знам, истата да ја прифатам. Или можеби ги бркам потенцијалните помагачи? Покрај тоа, треба да се запрашам, во која мера и сама сум подготвена да помогнам.
6. Зошто не сум надарен- а како…? Чувството се создава кога сакам нешто, што ќе го видам кај другите и чувствувам дека ми недостасува. Многу бргу таа желба ќе исчезне, кога ќе видам што другите мораа се’ да направат или да платат за тоа. Имено, ништо од талентот или вештината, ако не е пропратена со дисциплина и трудољубивост. Секој може да пронајде нешто, во што е добар и тогаш ќе се потруди во тоа да стане навистина најдобар.
извор: sensa.hr
Leave a Reply