Можевме да бидеме многу, ама сега сме ништо. Тоа е всушност класична приказна. Маж и жена сфаќаат дека се еден за друг. Жената се плаши дека тој ќе ја повреди, затоа на почеток внимателно ги покажува чувствата. Но, сепак по некое време стравот ја напушта. И тогаш… Мажот ќе избега. Жената чека тој да се врати, но тој секогаш ја држи на одредена дистанца и тогаш таа емоционално се распаѓа.
Сега знам што сум ти јас. Јас сум девојка која посакуваш само понекогаш да биде покрај тебе. Можеби ти длабоко во себе чувствуваш нешто за мене, нешто големо, а можеби и не. Никогаш нема да знам, бидејќи веројатно никогаш нема да ми кажеш.
Најлошо од се’ е што многу ми се допаѓаш, дури и ако те нема. Ти си моја омилена личност со која сакам да поминувам денови и години.
Дури и кога лежеше покрај мене во креветот и ми зборуваше за своите емоционални проблеми со жените, знам дека тоа се однесуваше на мене. Јас сум таков мазохист, што тогаш ми се допаѓаш уште повеќе.
Крај. Но…..
Во еден момент се чувствувам како да се излекував од тебе. Ги гледам твоите недостатоци и забележувам дека не сакам кон мене да се однесуваш, како да сум ти на располагање само кога ме посакуваш. Чувствувам дека заслужувам подобро и повеќе и одеднаш сум подобро.
Но, тогаш од нигде-никаде, твојот број на мојот телефон. Како да знаеш дека закрепнав од тебе, ти повторно се појавуваш. Се враќаш со нежни зборови, силна рака на моите рамена која ме потсетува на твојата присутност.
Јас сум се’што сакаш кога нема ниту една друга или ако е таа далеку, бидејќи со мене знаеш дека можеш да бидеш без проблем. Сакам да знам дека тоа меѓу нас е природно, дека така мора да биде, но ти не си свесен колку болка ми создаваш.
Секој пат ме запознаваш со своите пријатели или ми кажуваш дека сум ти убава, ти многу добро знаеш дека така одново и одново ме враќаш во својата стапица. Бидејќи така покажуваш дека нешто ти значам, дека се грижиш.
Но, правата вистина е дека тебе не ти е гајле, дека не ти значам доволно. Ти значам во моментите кога си сам. Јас тебе сум ти неважна девојка која доволно ти се допаѓа да ме задржиш, но недоволно да ме засакаш. Девојка која ти недостасува во недела попладне за време на твојот одмор во кој не знаеш што друго да правиш и онаа која сакаш да ја видиш во 4 наутро.
Мислев дека сум силна, дека ова мене нема да ми се случи. И сега гледам дека сум навистина слаба. Слаба на тебе. Слаба, бидејќи дозволив да ти бидам девојка за ‘понекогаш’. Всушност, тоа ја покажува мојата сила, бидејќи секој ден го составувам своето срце во апсолутна болка, да видам колку уште може да издржи. Секоја недела се обидувам да се оддалечам, но како да сум заглавена и не можам да се тргнам и да побегнам.
Зарем е ова мое време во кое мора да искусам мангуп како тебе за да почнам да се почитувам себе? Ако е така, прифаќам со надеж дека нема долго да трае. Ако мора да бидам девојка за ‘понекогаш’ од некоја причина, се надевам дека ќе дојдам до одговор. И сега додека ова го пишувам ниту самата можам да поверувам дека сум жена за успат.
З&S
Leave a Reply