Не се прилагодувајте на она што не ви носи среќа!

‘Нашите емоции ни кажуваат што душата сака. Лажниот оптимизам не’ спречува да го видиме она што сакаме да видиме, но не може да не’ спречи да се сопнеме од она што не можеме да го видиме’ – Gary Zukav

Луѓето се ‘облечени’ во лажен оптимизам, исто како и со пресилен песимизам. И едните и другите, се под влијание на надворешни случувања, многу повеќе од што им се чини и што сакаат да признаат.

Како што вели Зукав, лажниот оптимизам не’ спречува да гледаме. Не’ спречува, да се соочиме со себе и со својата сенка, а без осветлување на сенката, го нема вистинскиот духовен развој. Дури кога сенката ќе ја согледаме, ја осветлуваме и потоа ја интегрираме во себе и тогаш можеме да станеме целосни личности.

Лажниот оптимизам не треба да ви биде цел, ниту средство кога се оди по духовниот пат. Тој може само да ве спречува, бидејќи создава слепило, за се’ она што не ви се допаѓа, вклучувајќи ги и непријатните емоции, кои често сакаме да ги избегнеме, верувајќи дека вистински духовни луѓе се само оние, кои секогаш се добро расположени и вечно насмеани.

Непријатните емоции се многу важни патокази на нашиот животен пат, тие се водачи кои ни покажуваат дека еден дел од нас е вознемирен со некое случување, што е многу важно, бидејќи тоа значи дека во тој дел е потребно исцелување.

Ако сите непријатни емоции, постојано ги затрупуваме со насмевка и уверување, дека треба да се мисли позитивно, ќе си го блокираме сами својот развој, бидејќи овие делови, уште многу долго ќе останат неисцелени.

Прифаќањето на непријатните емоции и соочување со нив и со сите лузни, никако не значи, дека ќе се претвориме во негативна личност, која во се’ прво гледа проблем, а не шанса.

Ова е друга крајност, но вистинското решение е во постигнување на рамнотежа. Предуслов за постигнување на внатрешна рамнотежа, е да прифатиме одговорност за својот живот и се’ што ни се случува, секако и за своите непријатни емоции. Кога ќе ги препознаеме (а тоа некогаш и нема да се случи), можеме да им посакаме добредојде, да ги прифатиме и да пробаме да откриеме на кој наш неисцелен или недоволно исцелен дел укажуваат.

Нема секогаш да се препознае причината на овие емоции, но доволно е само да се прифати одговорност за нивното создавање. Клучно е значи, никого да не обвинуваме, ни себе, ни другите, ни околностите за нивното создавање.

Само да бидиме свесни дека во нас постои дел, кој е неисцелен и на кој негативната емоција ни укажува. Ова е често доволно, за да се случи намалување на напнатоста која обично ја предизвикуваат непријатните емоции.

Прифаќањето на емоциите какви и да се во моментот- лековити се, бидејќи страдањето всушност, ни го создава погрешното уверување дека таа емоција е лоша или неприфатлива за нас, од она што сакаме да бидеме.

Нема неприфатливи, ниту лоши емоции, тие се само наши верни водичи, кон самоосознавањето и исполнет живот.

Автор: Сузана Вемиќ

centarprozor.wordpress.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading