Астро прогноза од 20.12 до 26.12

Овен

Ќе бидете многу загрижени како за својот личен живот така и за својата кариера. Не дозволувајте емоциите да ви го заматат видот и трудете се да бидете што е можно пообјективни. Обидете се да направите дообар план за да избегнете можни проблеми. На работа ќе биде мирно, но многу е важно да се држите до својот распоред за да не се појават проблеми. Кога се во прашање вашите финансии не правете непотребни трошоци.

Бик

Биковите во оваа седмица ги очекуваат бројни изненадувања кои можат да имаат позитивно влијание на нивниот живот. Тоа ќе ви помогне да ги надминете проблемите кои во последно време се случуваат. На работа ќе биде во ред. Можете да очекувате некои добри понуди. Може да се јави мал проблем, но ништо што нема да го решите сами. Кога се во прашање вашите финансии ќе имате многу трошоци и обврски кои мора да ги подмирите.

Близнаци

Близнаците во оваа седмица ќе се посветат на многу важни прашања. Можно е да добиете помош од некои луѓе од кои не очекувавте дека ќе ви помогнат, затоа немојте да се воздржувате да им зборувате за своите проблеми. Работите изгледаат одлично, посебно во делот на комуникацијата. Имате многу способности и можете да успеете во се’ што се обидувате. Ќе ги промовирате своите идеи кои можат да бидат добро прифатени. Во финансиите ќе мора да се носите со обврски кои не ги очекувавте, па направете вистински подготовки.

Рак

Оваа седмица може да биде по малку тешка и чудна за Раковите. Многу припадници на овој знак ќе имаат чувство како да се заробени во својата кожа. Кога е во прашање вашата кариера можно е да добиете некои интересни прилики за нови соработки. Кога се во прашање вашите финансии подмирете ги сите долгови и не дозволувајте вашите финансии да излезат од контрола.

Лав

Ако сакате во својот професионален и приватен живот подобрување, потребно е да преиспитате некои свои идеи и да побарате совет на блиски луѓе. Во текот на викендот мора да останете реални и да се држите до својот распоред. Не дозволувајте емоциите да ви го заматат видот и да ве одведат на погрешен пат. На работа останете мирни и не правете потези кои можат да го расипат она на што толку работевте. Во вашите финансии влегувате во позитивен период. Ќе добиете прилика да ги зголемите вашите приходи, па погрижете се да ги решите нерешените долгови и правни проблеми.

Девица

Оваа седмица може да биде многу позитивна за вас. Можно е да ги остварите своите цели. Ова ќе биде одлична седмица да поправите некои планови кои се однесуваат на вашиот секојдневен живот. Работите на работа ќе бидат во ред, освен некои задоцнувања при остварувањето на некои планови кои планиравте да ги активирате. Можете да направите нови почетоци и соработки кои ќе ви помогнат во кариерата да тргнете кон нови интересни патишта.

Вага

Вагите во оваа седмица ќе се потруди да се решат од луѓе и ситуации кои ги исцрпуваат и предизвикуваат стрес. Внимавајте да не се занесете со својата добрина и да им простите на луѓето кои не заслужуваат да им се прости. Кога е во прашање работата, ќе бидете многу зафатени и по малку преоптерени. Обидете се да останете мирни и да не обрнувате внимание на малку доцнења кои ќе се случат. Се чини дека финансиите се опоравуваат, па измерете ги своите долгови и внимавајте да не се занесувате повеќе.

Шкорпија

Треба да бидете внимателни оваа недела. Вашата динамика ќе биде интензивна, но лошиот тајминг нема да ви дозволи да се опуштите и да се препуштите. Ќе ви донесе некои одлуки за лични и професионални прашања, но мора добро да размислите пред да им ги откриете на некои луѓе. Не носете никакви избрзани одлуки и бидете многу внимателни. Вашите финансии не се она што сакате да бидат, но на крајот ќе се подобрат. Ќе добиете прилика да ги зголемите своите приходи.

Стрелец

Ќе бидете оваа недела многу емотивни. Обидете се со секоја ситуација да се носите реално, за да добиете сила и да ги остварите целите за кои долго теженеевте. Не трошете енергија на детали. На работа можно е да се соочите со многу стресни ситуации, но не грижете се многу, бргу ќе се реши. Во своите финансии ќе видите значајно подобрување и можно е да го зголемите својот приход. Внимавајте да не се занесте и да влезете во непотребни трошоци.

Јарец

Многу припадници на овој знак можно е да ги променат своите ставови и начинот на кој гледаат на светот. Обидете се да останете реални и држете се на своите планови. Работите во вашата кариера одат многу добро и наскоро можат да станат уште подобри. Во оваа седмица можно е да водите некои многу важни разговори кои се однесуваат на вашата кариера. Вашата финансиска ситуација не е онаква каква посакувате да биде, но бидете трпеливи и тоа наскоро ќе се промени.

Водолија

Ќе се чувствувате песимистично и тажно. Ќе мора да се смирите и пореално да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате. Ќе ви биде потребна поддршка од најблиските. Тие ќе ви дадат енергија полесно да се изборите со ситуацијата во која се наоѓате. Кога е во прашање вашата кариера работите ќе бидат одлични. Ќе добиете понуди кои внимателно треба да ги процените, бидејќи можат да бидат корисни за вас. Вашите финансии не се онакви какви што сакате да бидат. Не влегувајте во непотребни трошоци.

Риби

Ако сакате да се решите од обврски кои се пред вас, направете еден план на почетокот на седмицата. Иако вашата комуникација со луѓето е многу добра, мора да бидете внимателни. Кога е во прашање вашата кариера, работите ќе одат многу добро. Ќе имате поддршка од вашите колеги кои ќе ви помогнат во остварувањето на вашите планови. Кога се во прашање вашите финансии обидете се да ги контролирате вашите трошкови и не ги трошете парите без врска.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading