Голем годишен хороскоп за Вага

Вагите во текот на целата година ќе ги следи позитивна енергија која ќе ви помогне многу полесно од обично да се поврзете со другите. Вашето расположение веројатно ќе биде полесно и пооптимистично отколку порано. Поволната положба на Сатурн во хороскопот за 2022 година ќе ви осигура одлично здравје оваа година. Среќата ќе ве следи во љубовта и на работа. До крајот на годината ќе се случат значајни промени во судбината.

Складност, живост и склоност кон убавина и уметност.Ова е единствен хороскопски знак кој симбоолично е преставен со предмет- знак на вага. Таа симболика не е тешко да се сфати, всушност, редот на вагата им е познат на сите, но однесувањето на луѓето во овој знак често на другите не им е разбирливо.

Вагата постојано е во процес на балансирање, односно воспоставување на рамнотежа. Еднаш воспоставена рамнотежа не е постојана, така да процесот на држење рамнотежа, кај Вагите е константа и го карактеризира нејзиниот основен начин на функционирање. Кај овие луѓе никогаш не се знае кога рамнотежата ќе биде воспоставена, односно пореметена.

Во потрага сте за објаснување и разбирање и барате начин како да го намалите критичкиот глас во вашата глава која често се судира со вашето срце кое ве прашува дали е тоа она што се нарекува љубов, дали сте среќни , дали е таа вистинската личност која ја чекам?

Можеби и ќе одлучите некое време да бидете сами, само за да ја исчистите главата и да размислите за тоа што ви треба од врската, а не што верувате дека треба да очекувате од неа. Еднаш кога ќе сфатите дека можете да бидете многу среќни и кога не сте во врска со некој, тогаш ќе се ослободите од заморни емотивни прашања. Тогаш ќе можете да ги цените луѓето онакви какви што навистина се, а не она што мислите дека треба да бидат.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: