Голем годишен хороскоп за Стрелец

За Стрелците, од јануари минатата година се случува позитивно задвижување во енергиите, што ќе ви помогне да започнете нов живот. Овие енергии ќе ве следат до декември 2022 година па и среќата ќе ве следи во тој период. Вистинско е време да ги покажете сите свои вештини, таленти и знаење. Ќе ги дочекате вашите 5 минути.

Отворени се, авантуристи и не сакаат притисок…Огнени, страствени и искрени. За верноста многу не се грижат, бидејќи ниту самите се верни. Во врска никогаш не влегуваат со сето срце, а поради површноста уште при првиот конфликт- бегаат. Во љубовта не се издржливи. Тие се весели, забавни и знаат да направат штимунг. Спонтано зборуваат за своите доживувања и секој пат ги воодушевуваат пријателите со ведар дух.

Во средината на годината е сјајно време за страствени акции со многу динамики. Одржувајте го своето расположение во рамнотежа или можете да го уплашите идниот партнер кој не ги разбира вашите променливи налети на топлина и ладнотија.

Ќе имате прилика да патувате на поголеми далечини, ќе имате повеќе контакти со странци и места, да учите, да подучувате, да ги зголемувате своите шанси да станете баба или дедо или родител и генерално ви носи ситуации кои вклучуваат отворање на нови животни патишта кои ќе ви донесат среќа и успех.

Меѓутоа, оваа енергија има и лоша страна, а тоа е да можете да превземате на себе повеќе отколку што можете да поднесете на подолг рок, а со други зборови, не превземајте повеќе отколку што можете! Овие енергии кои ве опкружуваат до првата половина на декември силно сугерира развој во било кој од горе наведените подрачја. Случаен состанок или нов проект кој започнува за тоа време веројатно ќе има многу поголеми резултати отколку што очекувавте на почеток.

Оваа година ќе им донесе посебна корист на Стрелците. Генерално гледајќи кариерата во 2022 година ќе има добри резултати, бидејќи оваа година ќе има добра корист на полето на работата, зголемувајќи го така вашето почитување и достоинство. Овој пат ќе имате посакувано преселување, а оваа година ќе имате прилика да одите во странство службено. Оваа година ќе биде подобра за вашата доверба во вашиот економски живот.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: