Голем годишен хороскоп за Јарец

Јарцот во 2022 година не го очекува најлесна животна фаза. Зимските месеци ветуваат дека ќе бидат стресни и емотивни. Ќе мора често да превземате иницијатива, да се натпреварувате со вашите ривали, да ја контролирате агресијата. Пролетта ќе биде помирна. Ќе имате прилика да се одморите од проблемите и да стекнете сила за понатаму. Во летните и есенските денови, Јарците ќе мора да се потрудат, да покажат трпение и одговорност и да внимааваат да не ја кршат дисциплината. Најповолен временски период ќе биде декември, бидејќи ве очекуваат пријатни настани во вашиот личен живот. Успехот нема да ве заобиколи ниту во проферсионалните активности.

Конзервативни, затворени, разумни, паметни, внимателни …Сакаат рамноправност. Верни се и чувствителни. Сакаат осаменост и не знаат да ги покажат своите чувства. Еротскиот потенцијал, акумулиран во големи количини, не знае да го искористи. Доверливи се, рационални, нивниот љубовен живот го одредуваат веќе цврсто утврдени правила.

Одвоете доволно време за себе, бидејќи грижата за вас самите подеднакво е важна како и грижата за обврските и одговорностите кои се составен дел од вашиот живот. Јануари, јуни и ноември имајте ги во предвид, бидејќи тогаш вашите емоции ќе бидат поизразени од интелектот и здравиот разум, посебно со работите кои се меѓусебно поврзани.

Во јуни ќе го почувствувате допирот на магијата кога е во прашање вашата работа, а во ноември вашите соништа имаат голема веројатност да се остварат. Промената на енергијата која се случи на крајот на 2021 година, ќе значи дека влегувате во состојба на хибернација, а се’ е подготвка за позитивен нов почеток кој ви доаѓа на кројот на 2022. Симболично, во оваа година имате време да се подготвите за истражување и прегрупирање на вашата енергија која во потполност ќе биде наполнета за овој силен нов почеток кој доаѓа пред вас.

Како дел од овој процес, брзиот развој и сознанието кое ќе се случи овој јануар, мај и октомври веројатно ќе има големо влијание на тоа како ќе се гледате себеси и вашиот општ став кон светот.

Ова во себе веројатно ќе вклучи неочекувани вести, патувања и ситуации во кои се вклучени и родбински за вас блиски луѓе.

Колку и да ви биде тешко на почетокот на годината, на крајот од истата ќе биде многу подобро. Во средината на годината ќе имате можност да ја поправите својата финансиска состојба, а во ваква ситуација е од суштинско значење е да ја контролирате вашата потрошувачка.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: