Еве неколку предлози како да се биде смирен, спокоен, радосен и продуктивен.
1. Вежбајте заборавање. Покрај помнењето, на наша среќа и успех влијае и вештината на заборавање. Заборавање на неуспех, увреда, непријатност, омаловажување, грешка итн. А сето тоа по принципот: да ја научиме лекцијата- да заборавиме и да тргнеме понатаму.
2. Биди умерен, всушност во се’ треба да се има мера. Науката за токсикологија вели, дека мерката е таа која одредува дали одредена супстанца е отров или лек.
3. Биди она што си и другите луѓе прифаќај ги онакви какви што се.
4. Прифаќај ги и ситуацијата и настаните.
5. Од време на време, да се направи ‘генералка’ во главата.
6. Мисли средено и дисциплинирано.
7. Ослободи се од стравот, грижата, вознемиреност, комплекси, страв, напнатост и чувство на вина.
8. Практицирај духовна и креативна тишина.
9. Верувај. Бог не ни дава ништо повеќе од она колкава е нашата верба. Тој посакува да ни даде многу, но не може да не’ примора да прифатиме повеќе од нашата вербата во него.
10. Моли се, прифати, биди благодарен, прости.
11. Длабоко диши, физички и умно да се опушташ.
12. Тргни се од луѓе и ситуации кои те вознемируваат (емотивно, физички и духовно).
13. Бирај на што му даваш значење и внимание.
14. Биди свесен за можноста и слободата на избор.
15. Усогласи се со себе. Она што зборуваш и правиш мора да биде во согласност со она што мислиш и чувствуваш.
16. Живеј во согласност со вистината.
17. Не го наметнувај своето мислење на другите.
18. Не мора да бидеш секогаш во право.
19. Дозволи си да немаш мислење или став за одредена појава, личност, ситуации…
20. Дозволи си себе си промена на ставот.
21. Ослободи се од очекувањата. Не барај од другите да се однесуваат во согласност со твоите очекувања.
22. Исфрли ги изговорите.
23. Не ја обвинувај околината, родителите, околностите, судбината.
24. Превземи одговорност.
25. Практикувај љубов, љубезност и милосрдие.
26. Контролирај ги реакциите- самоконтрола.
27. Не се лути премногу.
28. Ослободи се од условеност.
29. Не се споредувај со другите.
30. Негувај оптимизам, трпение, надеж и ентузијазам.
31. Негувај истрајност, флексибилност, волја и посветеност.
32. Негувај морал.
33. Правилно размислувај и расудувај, бидејќи погрешното размислување и расудување водат кон погрешни заклучоци, а тие пак водат кон погрешни одлуки. Еден мудрец рекол: ‘Оној кој без расудување се расфрла со зборови, па макар и да се правилни, вистинско е зло.
34. Не им робувај на работите и луѓето.
35. Помири се со фактот дека луѓето, работите и околностите доаѓаат и си одат, всушност само поминуваат низ нашиот живот.
36. Негувај самопочит, самосвесност и самодоверба.
37. Не се докажувај и не им се правдувај на другите.
38. Биди храбар.
39. Направи врска со природата.
40. Направи добра врска со себе.
Извор: lovesensa.rs
Leave a Reply