Одлучи да си одиш од она што те гуши, што носи драма, што те труе

Се будат многу мисли во нас кои се резултат на нашиот темперамент, нашето растење и искуство. Затоа и се убедуваме себеси, на пример дека е лудост во денешно време да се даде отказ, без сигурна алтернатива.

Уверувањето дека сами не можеме да опстанеме е добро оправдување да останеме во лош брак. Дури и дека бракот не е така лош. Па што ако е партнерот мрзлив и невнимателен, што ако повеќе време поминува со другарите, отколку со мене и децата? Што ако не работи?

И такви никакви…одиме на работа секој ден со ‘топка’ во желудецот, поради стравот од неизвесност и главоболка без прекин, од гледање во компјутерот или било што друго што не не’ исполнува. Главоболка предизвикана од умор и монотонија.

И тоа време на работа оди од крајност во крајност, од чувството дека не можеме повеќе да го поднесеме стресот кој секогаш е нов и чувството дека сме потполно бескорисни. А платени сме, таман толку да ни е тешко да си одиме од тој пекол и таман толку да сфатиме дека од таа плата не се живее. И тоа упорно го работиме, со изговор дека немаме избор.

А ‘топката’ во желудецот која пополека се дели и стигнува до грлото, ни зборува дека е неопходно длабоко да се замислиме и да пронајдеме уште некој избор. Да го исчистиме нашиот живот. Веќе потполно ни е јасно дека имаме само еден живот и ако го живееме на овој начин, ќе ја изгубиме искрата во очите и вербата во себе.

И тогаш…. верувам ќе дојде тоа ‘Едно утро’. Со страв од неизвесност, но поинакви, радосни поради нешто ново што сме избрале. Уплашени, но одлучни. Кога ќе почувствуваме дека превзедовме одговорност за својот живот и дека конечно работите зависат од нас. И сме одлучиле да пробаме, она што никогаш не сме пробале: да ја жртвуваме сигурноста поради можностите. Да раскрстиме конечно со себе, а нема да биде лесно.

Но, дека повторно ќе се почувствуваме живи. И конечно да ја смениме таа работа (таква секогаш можеме да најдеме). И да расчистиме со незаинтетесираниот себичен маж (таков секогаш можеме да најдеме). Да ја вложиме сета своја сила и енергија која ја трошевме на непотребни работи, што не ги сакавме, во она што ќе ни помогне да се развиваме, да учиме и да не зависиме од туѓата добра волја.

Да им дадеме вистински пример на своите деца..

И кога едно утро, по подолго време, ќе се разбудиме, ќе си свариме кафе и ќе седнеме во тишина сами со себе, ќе почувствуваме дека топката во желудецот и грлото исчезнале.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: