Лавови, енергиите околу вас наговестуваат некоја прекретница во вашиот живот, а ситуацијата околу вас ќе бара да превземете поголема одговорност во животот, посебно кога вашите врски се во прашање, како и здравјето. Направете проценка на вашите желби оваа година, како и листа на приоритети и водете се според неа, можат да ви се случат многу убави работи. Ќе имате можност за напредување на работното место, бидејќи ќе бидете доминантни во однос на вашите соработници, а вашите надредени ќе бидат многу задоволни со вашата работа.
Во текот на целата година ќе бидете зафатени со работа, а можни се големи патувања врзани за вашата работа. Сето ова може да доведе да имате помалку време за вашето семејство, што посебно стресно може да биде на почетокот на годината.
Динамични, моќни, импресивни, посесивни…Чесен и племенит, внимателен по прашање на љубовта и емоциите. Лавовите се многу еротични и имаат доволно искуство. Лавот постојано се труди да ги исполни партнеровите најскриени желби, секогаш одново ја искажува својата љубов и во расправија. Мана им е посесивноста.
Вашата работа и кариерата можат да имаат светли моменти оваа година. Можно е да заработите пари и можете да очекувате помош од пријателите и роднини. Добри резултати се очекуваат на почетокот на годината, ќе ве служи среќа и на работа и надвор од неа, иако ќе имате чувство дека сте опкружени со непријатели насекаде околу себе. Искористете го првиот дел од годината ако имате некоја зацртана цел, бидејќи вториот дел од годината нема да биде така поволен како првиот.
Оваа година ќе имате пораст на креативна енергија, па е најдобро да ја искористите. Оние кои се во брак треба да избегнуваат било каква конфликтна ситуација со својот брачен другар, бидејќи е можно несогласување и дискусија во врска со разни работи, но искористете ја својата зрелост за да ги совладате.
Leave a Reply