Овнови, од вас во 2022 година се бара да примените се’ она што научивте во претходните две, да ги следите своите соништа и да внесувате посакувани промени во вашиот живот. Во оваа година ќе доминирате над вашите противници, но и вашата работа на духовен план ќе се зголеми.
Страствени, распалени и огнени. Не се посебно тактични. Љубовни чувства и пориви- многу силни. Овновите се ентузијасти во љубовта, кога ќе се вљубат, партнерот за нив претставува центар на светот. Секоја нова љубов за Овновите е прекрасна како и првата, почнува со ист жар. Понекогаш се неумерени, премногу агресивно ги искажуваат своите чувства, така да можат да го исплашат партнерот. Обожаваат да користат љубовни фрази што партнерот многу го забавува. Страственоста на Овновите е нивниот меч со две острици и треба да се чуваат од него сами да не настрадаат.
Во 2022 година можете добро да инвестирате и да созреете. Додека се занимавате со работа, можете да инвестирате и во вашите партнерски врски и треба да им верувате на оние луѓе кои веруваат во вас.
Оние кои се занимаваат со трговија, можеби оваа година ќе бидат разочарани, бидејќи Сатурн ќе ги натера да работат повеќе отколку вообичаено. Од економска гледна точка, оваа година може да ви донесе помешана корист. Постојат шанси за одредена загуба на пари на почетокот на годината , но кон средината на годината можете да ги вратиите и да имате поголема добивка.
2022 може да се покаже неповолна за семејниот живот, бидејќи ќе се зафатите со работа и ќе бидете многу оддалечени од семејството. Можно е да се чувствувате осамено, а тоа може да ве направи по малку нервозни, што може да влијае на вашиот заеднички живот и да донесе недостаток на мир и среќа во семејството. Со оглед на се’, искористете го секој слободен момент да го поминете со семејството.
Од друга страна, разни забави и уживања можат да ве чинат многу пари, па потребно е малку да се соберете кога се трошоците во прашање. Ќе имате можност да бидете вклучени во разни социјални работи што може да го зголеми вашиот социјален круг. Сепак, бидете вниматели со договорите со различни луѓе. Во оваа година ќе доминирате над вашите противници, а и вашата работа на духовен план ќе се зголеми.
Leave a Reply