Кога партнерот одеднаш ќе се повлече

Ако партнерот одеднаш го промени своето однесување, ако се повлече и повеќе не сака да комуницира, тоа го остава другиот партнер сам, несигурен и често повреден и полн со сомнеж.

Што е причината за повлекувањето на партнерот?

Најверојатно нема врска со вас неговото повлекување

Често ќе се запрашате: ‘Каква врска има тоа со мене?’ Во поголемиот број на случаеви попусто размислувате. Многу е поверојатно дека вашиот партнер доживеал некој стрес надвор од вашата врска. Во овие турбулентни времиња во кои живееме има многу начини да се изнервирате.

Вашиот партнер сака промена во односот

Можеби, сепак партнерот размислува за тоа дека нешто треба да се промени за да тој или таа се чувствува пријатно во вашата врска. Во овој случај вие сте изоставени. Вие не сте одговорни за неговите чувства. Кога е тој во лошо расположение, негова е одлуката тоа нерасположение да го негува или ќе направи нешто што ќе му го подобри расположението.

Некое вашето однесување го повреди вашиот партнер

Можеби го повредивте со нешто што кажавте или направивте. Кога вашиот партнер ќе се повлече, некое време нема да биде достапен. Тоа секако треба да му го дозволите. Обидите да се смирите во погрешен момент делуваат како сол на рана. Да вознемирувате некој кој се повлекува, никогаш не носи успех.

Што можете да направите кога партнерот ќе се повлече?

Прифатете го тоа

Вашите потреби и желби моментално не се поклопуваат. Тоа не е лошо и не е крај на светот. Не сфаќајте го тоа лично што вашиот партнер се повлекува и искористете го времето за себе. Понудете помош, еднаш, можеби два пати, но потоа направете она што сакате вие.

Обидете се да разговарате

Рамноправно разговарајте еден со друг и почитувајте го ставот на партнерот – без оглед на тоа што треба да направите поинаку. Ослободете се од мислите дека знаете што е подобро за него. Вие не сте негов родител и вашиот партнер не е ваше дете.

Leave a Reply

Up ↑

%d