Кога го запознав својот маж бев убедена дека тој е љубовта на мојот живот и не се сомневав во тоа. Влезе во мојот живот тивко и одеднаш, но ме напушти со многу врева оставајќи ги скршените работи насекаде околу мене. Моето срце не беше единствената работа која ја скрши. Со години живеев во уверување дека сум среќна. Иако нашата врска не беше совршена, таа за мене беше најсовршена.
Подоцна доживеав многу лоши работи не само од него туку и од неговото семејство и тогаш мојата илузија за среќен брак се сруши. Обвинета сум за лаги и неверство иако не бев виновна за ништо од тоа. Тој брак во кој живеев со години ме скрши, но многу работи ме научи.
Научив што не сакам и каков живот не сакам да живеам. Со години живеев во лажно уверување дека сум сакана. Тоа направи, до таа мера да се разочарам во љубовта што речиси десет години не дозволив ниту на еден маж да ми се доближи.
Долго ми требаше да сфатам дека заслужувам љубов и дека заслужувам некој кој ќе ме сака онака како што заслужив да бидам сакана. Одлучив да направам промени во својот живот и овој пат не сакам лажна љубов, туку онаа вистинската која ќе трае.
Сфатив дека првата работа која треба да ја решам е омразата кон мојот бивши маж.
Да, го мразев и сега верувам дека таа омраза кон него ме држеше во место и не ми дозволуваше да тргнам напред. Сфатив дека единствен начин да продолжам понатаму е да не се спуштам на негово ниво, туку да ја пуштам омразата и да продолжам понатаму.
Во тој брак бев емоционално зависна, а сега сакам од тоа да се решам. Пополека учам да живеам со своите мани и стравови. Денес знам колку вредам и знам дека не треба во својот живот да пуштам луѓе кои не ја гледаат мојата вредност. Нема да бидам со никој кој нема да биде во состојба да ме прифати ваква каква што сум.
На крајот сакам само уште да ти кажам дека не треба да се плашиш да бидеш сам. Уживајте во своите моменти на осаменост и сакајте се себеси. Запомнете дека промените ви нашите животи почнуваат да се случуваат кога ќе почнете да се сакате себеси.
Leave a Reply