Постојат луѓе кои ве заслужуваат и оние кои не ве заслужуваат

Постои основно правило за оддржување на нашето емоционално здравје: препознавање- кој не’ заслужува, а кој не.

За да го направиме тоа, мора да го одвоиме доброто од лошото и да ги процениме нашите односи. Не заслужуваме некој кој не’ бара само кога им требаме. Себичноста е нездрава и затоа е подобро да ја исфрлиме од нашиот живот. Не заслужуваме рамнодушност, невнимание или малтретирање. Тоа се максими или принципи кои мора да бидат непоколебливи. Не се работи за тоа дека другите луѓе се лоши, туку нашиот однос со нив не може да биде здрав. Оддржување на негативниот однос многу боли, отвора рани кои се опасни по нашето емоционално здравје

Ние сме она што зборуваме

За да утврдиме што правиме за да се чувствуваме добро, а што не, треба да научиме да ги препознаеме јасните емоционални пораки кои по нас се здрави. Со други зборови, мора да го анализираме својот внатрешен дијалог. А што е тоа наш внатрешен дијалог ?

Нашиот внатрешен дијалог е начин на кој комуницираме сами со себе и клучен е за управување со себе и нашата самопочит. Затоа тој дијалог мора да биде позитивен и да ни даде самодоверба, сигурност, виталност и визија.

Исто така, ако нашето јас обично се потпира на речениците кои следат, тешко е да се привлечат добри ставови и односи во нашиот живот.

  • Лош сум, заслужувам да ме напуштат
  • Не сум достоен за љубов
  • Никој нема да ме цени ниту ќе ме сака
  • На никој не му е гајле за мене
  • Луѓето лошо се чувствуваат со мене
  • Заслужувам критика
  • Слаб сум
  • Грд сум

Знаеме каков ефект имаат зборовите на другите врз нас. Меѓутоа, обично се прашуваме како начинот на кој разговараме самите со себе влијае на нас.

Ако создадеме негативен внатрешен дијалог, мора да превземеме акција по тоа прашање и да почнеме себеси да си даваме позитивни и емоционално интелигентни совети. Значи, ако веруваме дека сме ‘безвредни’, треба себеси да си зборуваме: ‘Вредам многу затоа што’…

Ова секако е многу сложено, но ова е едноставно правило кое ќе ни помогне да сфатиме дека луѓето со песимистични, несигурни и со овој зависен начин на говор ќе бидат многу ранливи во своите односи и затоа веројатно ќе сретнуваат погрешни луѓе и ќе влегуваат во лоши ситуации, што на крајот ќе го оштетат нивното емоционално здравје.

Ако нашите односи спречуваат позитивен внатрешен дијалог, нешто навистина не е во ред. Често решение за воспоставување на рамнотежа на нашите внатрешни разговори е тоа што мораме да поминеме низ разговор со оние луѓе кои ‘влијаат на нас’ и да ја преиспитаме нееднаквоста која го насочува нашиот однос и самоперспектива која ја поттикнува оваа околност.

Врз основа на тоа, мора да се обидеме да пронајдеме здрава рамнотежа која поттикнува нашето емоционално здравје. Ако овој здрав договор не се случи, секогаш можеме да избереме да бидеме себеси приоритет, да се грижиме за себе и да почнеме да создаваме сценарио на својот живот во кој сме ние главни протагонисти.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: