Сите понекогаш во нашето секојдневие се чувствуваме непризнато, игнорирано и непочитувано. Всушност, чувството дека другите не’ земаат здраво за готово е еден од најчестите меѓучовечки проблеми.
Но, што се случува кога ќе сфатиме, дека без оглед што ние правиме или колку им даваме на другите, сеуште не’ искористуваат и потценуваат? Што да правиме кога ќе сфатиме дека сме заглавени во маѓепсаниот круг на привлекување на луѓе кои немилосрдно не’ искористуваат, а потоа не’ отфрлаат?
Еве некои најчести причини поради кои луѓето ве земаат здраво за готово:
1. Имате лоши граници базирани на Его. За да се поврзете со својата душа, прво мора да бидете во состојба психички да се развиете и да постигнете зрелост. Луѓето со слаби граници, кои се темелат на Егото, често имаат проблем да кажат. Неможат да ги разликуваат нивните мисли и потреби од другите и да одвојат време за грижа за себе. Затоа доаѓа до колапс, душевни болести и страдање.
Егото не мора да исчезне, само значи дека мора да бидеме свесни за него и да не бидеме ограничени поради него. Ако луѓето ве искористуваат, многу е веројатно дека имате слабо и неразвиено чувство за себе. Мора да научите да се почитувате себеси и своите вредности, своите дарови и да откриете како да се грижите за себе, а не само за другите.
2. Не сте им ги искажале своите потреби на другите. Во односите и другите меѓучовечки врски, често правиме грешка мислејќи дека другите луѓе можат да ги читаат нашите мисли. Но, важно е да се сфати дека не размислуваат сите на ист начин како вие.
Ако ве земаат здраво за готово, можеби треба едноставно да седнете со другите и јасно да ги искажете своите потреби. Отворена комуникација не е вештина која ја знаеме баш најдобро и поради тоа на почеток тоа може да биде страшно. Но, кога ќе научите како да ги изразите своите потреби ќе се чувствувате охрабрени.
3. Верувате дека вашата вредност доаѓа поради давање. Во детството и во текот на животот, стекнавте лажно уверување дека вашата вредност доаѓа со давање на другите. Со други зборови, верувате дека мерило на вашата самодоверба е правопропорционално со количината да откажување и жртвување за другите. За жал, овие погрешни уверувања резултираат со многу ниска самопочит, стрес, па дури и манипулирање со другите за да имаат подобро мислење за себе и за да се чувствуваат подобро. Во оваа ситуација, вие не давате со полно срца, давате од рането срце кое копнее за признание и пофалби од дригите. Без тоа се чувствувате безвредно, игнорирано и чувствувате дека ве земаат здраво за готово. Но, луѓето така ќе ве доживеат само ако сметате дека вашата вредност доаѓа однадвор- од другите. Треба да сфатите дека не мора ништо да направите за да бидетр сакани или достојни. Вие тоа веќе сте.
4. Привлекувате љубов за која сметате дека ви е заслужена. Кога длабоко во себе ќе почувствувате дека сте недостојни за вистинска љубов, вие ги привлекувате луѓето насилници, бидејќи тие го подржуваат вашето несвесно верување – ‘Не сум доволно добар’. На свесно ниво не сфаќате дека сте малтретирани, но на несвесно ниво, тоа е она што сметате дека го ‘заслужувате’. Што можете да направите? Најдобриот лек за овој проблем е да се истражат своите темелни уверувања и рани. Тоа бара длабоко копање по своите животни искуства кои придонеле за таквото деструктивно уверување.
Mateo Sol
Извор: Lonerwolf
Leave a Reply