Саканите никогаш не си заминуваат, тие засекогаш живеат во нашите срца

Драгите луѓе не заминуваат, туку остануваат да живеат вечно во секое срце во кое оставија траг.

И секој тоа го доживува различно. Некој страда јавно, некој тагува во тајност…Некој страда кратко, на некој му треба долго време да се врати на старо..Било како било, не постои добар и лош начин за да се страда. Исто така не треба никој да се осудува поради начинот на кој се однесува во тој период.

Можеби често ќе сретнете личности кои изгубиле навистина блиска личност, а често излегуваат надвор со насмевка како ништо да не се случило. Тоа не значи дека таквите личности немаат емоции, туку значи дека тоа е нивен начин да се изборат со се’.

За секоја загуба треба време да се прифати и секој треба себеси да си го дозволи тоа време. Она што е важно да се сфати дека болката нема да исчезне ако ја игнорирате. Секогаш е подобро да ги искажете своите емоции или на некој да му се доверите. Не е добро ниту да глумите сила кога е сосем во ред да се биде слаб.

Премногу се оние кои ќе земат преголем залак- да си објаснат себеси дека мораат да бидат силни и да ја преболат секоја загуба така што нема да пуштат солза, но всушност секоја загуба мора да се прежали. Да се изгуби драга личност предизвукува страшна болка. Но, таа загуба не претставува вечен крај.

Таа личност продолжува да живее во секое срце во кое остави трага. И потрудете се да и’ дозволите да живее среќно во вашето срце. Сетете те се на убавите и драги спомени на таа личност, правете она што сакаше да прави.

Сетете се дека таа личност не сака да ве види тажни и несреќни, туку со насмевка на лицето. Кога една личност станува само спомен, тој спомен станува благо..Однесувајте се кон тоа на тој начин.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: