Ти повеќе не можеш да бараш уште една прилика…

Имаше прилика да стигнеш до мене тогаш кога останавме цела ноќ во разговор за нашите животи. Тоа беше твоја прилика, да ме пронајдеш на моето место каде од другите се криев. Имаше прилика да ги срушиш сите прилики, бидејќи навистина ти верував.

Ти зборував за своето скршено срце, надевајќи се дека ти нема да го скршиш. Ти зборував за своето минато и се надевав дека ти нема да бидеш дел од него. Ти зборував за своите соништа и мечтаев како и ти ќе бидиш во нив. Имаше прилика да ме засакаш, тогаш кога бев подготвена срцето да ти го дадам и кога со радост сакав твоето да го отворам. Тогаш кога отворено и искрено разговарав со тебе, те гледав со восхит, те гушкав со убаво и кога ти ветив добредојде во мојот живот.

Ќе бев твоја, само да ме прашаше. Ја имаше секоја прилика која можеше да ја добиеш, но, очигледно, не ти требаше. Чекав доволно долго на тебе, но никогаш не се појави. Најдов многу изговори за тебе, само да не те изгубам, но….ги потрошив.

Постои само толку логика која трае додека не дојде лудилото. Постојат толку глупости, со кои можев да се носам, додека одеднаш се’ не доби смисла. А, всушност постојат само толку убоди, кои срцето може да ги поднесе, пред да почне да крвари. И ја искористи таа прилика. Добрата страна на луѓето кои им даваат шанса на другите е дека лесно можат да ја повлечат. И на крај, никој повеќе не пуштаат назад кај себе.

Имаше своја прилика која ја искористи. Имаше прилика која не ја провери. Имаше прилика и донесе одлука. И сега јас ја донесов својата одлука. Ти повеќе не можеш да бараш уште една прилика…дури ни последната да ти ја дадам. Не е важно колку шанси човекот може да даде, туку на кој му ги дава.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: