Овен
Вашиот партнер секогаш ќе биде ваша поддршка и секогаш ќе биде тука за вас да ве заштити од се’. Во јануари разбирањето меѓу вас двајцата ќе расте. Ќе можете да уживате во интимноста и романтиката со својот партнер, а поддршката на вашиот партнер нема да ви недостасува. Слободните Овнови треба да му дадат прилика на љубовта. Не дозволувајте да ве обесхрабри тоа што еднаш се изгоревте во минатото. И секогаш имајте на ум колку сте подготвени да им дадете љубов на другите, толку љубов ќе добиете назад.
Бик
Вашиот партнер секогаш ќе биде покрај вас било да сте тажни или среќни. Продолжете да ја одржувате љубовта која ја имате со партнерот, бидејќи таква љубов не се јавува два пати во животот. Покажете му на својот партнер колку ви е важен и колку ви значи. Покажете му дека може на вас да смета, како што вие можете да сметате на него. Никогаш не заборавајте да бидете покрај луѓе кои ве сакаат бидејќи тие никогаш нема да заборават на вас
Близнаци
Во Јануари треба да им посветите повеќе внимание на своите други врски, не само на љубовните. Водете сметка за луѓето кои ви се драги и кои ги сакате бидејќи и тие водат сметка за вас. Слободните припадници на овој знак треба да пронајдат некој со кој ќе можат да ги делат заедничките моменти. Бидете искрени кон луѓето и тогаш ќе можете да очекувате другите да бидат искрени кон вас.
Leave a Reply