Љубовта е присуство. Без оглед дали е порака, телефонски повик или едноставен гест, оние кои ве сакаат имаат потреба на некој начин да ви кажат дека сте во нивните мисли.
Дури и во забрзаниот современ живот со обврски, секогаш може да се најде време за луѓето кои ни се важни. Отворете очи: не се задоволувајте со луѓе кои доаѓаат и си одат и кои не ве интересираат, туки ценете ги оние кои секогаш ќе најдат 5 мин, за да ве прашаат како сте.
Дали сте забележале дека некои луѓе имаат ист однос кон вас, измислуваат безброј изговори, само да ве избегнат? Тоа е само знак дека е време на таквите односи да им се стави крај.
Ветувањето ‘ќе се видиме следниот пат’ нема вредност и не е реално. Не е доволно на некој да му се каже ‘ те сакам’ или ‘ ти посакувам се’ најдобро’. Зборовите не се доволни, секогаш мора да ги пратат фактите, а оние кои вистински имаат чувства кон вас, подготвени се секојдневно да ја покажуваат својата наклоност.
Никогаш не е лесно да се побегне од овие ситуации, но за себе и за свое добро мора да се обидете. Оние кои навистина ве сакаат знаат како да ви покажат љубов. Не бидете задоволни со оние кои се присутни во вашиот живот само кога е се’ во ред, бидејќи кога ќе ви е тешко, само неколку луѓе ќе бидат покрај вас.
Бидете им благодарни на оние кои ве сакаат и препознаваат колку вредите и тоа ви го покажуваат со своето присуство: понекогаш е доволно гушкање, зборови на утеха или долг телефонски повик, често наједноставни гестови имаат најголем ефект. Оние кои навистина ве носат во срцето, нема да ви дозволат да се почувствувате осамено.
Нема да има потреба да прашувате за помош, кој се грижи за вас, ќе ве подржи без оглед на се’.
Никој не е совршен и може да се случи сите понекогаш да сме ‘расеани’ и да не забележиме нечија наклоност. Добро отворете ги очите и погледнете кој е околу вас: дури и банални работи (кафе, повик, разговор, карта за концерт) кое обично не го забележуваме, можат да бидат симбол на искрено чувство.
Да покажете дека некој сакате не значи да правите грандиозни работи за другиот. Тоа значи дека на работите мора да гледате не само со очи туку и со срце. Ќе видите дека веднаш ќе препознаете кој навистина ве сака.
Не ги земајте некои луѓе здраво за готово. Не мислете дека се ‘приморани’ да бидат тука за вас или дека ви должат вам. Во врските секогаш треба да се бара рамнотежа: Не го покажувајте своето присуство само во моментите на потреба. Запомнете дека зборовите ‘те сакам’ и ‘се грижам за тебе’ можат да ги кажат сите без преголем напор, но тоа не е она што ќе покаже искрена и длабока наклоност кон вас.
Секогаш сакате најдобро за себе, на овој начин ќе ја сочувате својата личност и ќе се опкружите само со оние кои ве ценат и навистина се грижат за вас.
извор: https://aprilamente.info/chi-ti-vuole-bene-sa-dimostrartelo
Leave a Reply