Ако некој не ве сака на начин на кој посакувате, тоа не значи дека не ве сака најмногу што може

Научив дека без оглед колку ми се допаѓаат некои луѓе, едноставно тие не го чувствуваат истото кон мене. Довербата се гради со години, а само секунда е потребна да се уништи. Без оглед колку некој е ваш добар пријател, понекогаш ќе ве повреди и тоа треба да му го простите.

Научив дека не се смета она што имате во својот живот, туку кого имате. Никогаш не треба да го уништите извинувањето со оправдување. Со шарм можете да се служите 15 мин. Потоа, подобро е да знаете нешто.

Научив да не се споредувам со другите. Во еден миг можете да направите нешто поради кое ќе страдате цел живот. Научив дека е потребно многу време да бидам личноста која ја посакувам.

Можете да издржите уште многу, откога ќе заклучите дека не можете повеќе. Одговорни сме за она што правиме без оглед на тоа што чувствуваме. Можеме да го контролираме својот став или тој да не’ контролира нас.

Научив, без оглед колку односот е страсен во почетокот, таа страст бледи, а тогаш подобро нешто друго да го заземе нејзиното место. Научив дека се херои луѓето кои прават она што мора да се направи, кога треба да биде направено, без оглед на последиците.

Научив дека парите се лош начин за постигнување на целита. Мојот најдобар пријател и јас можеме да правиме сешто или ништо и во двата случаи, одлично да си поминеме. Научив дека луѓето од кои очекуваме дека ќе не’ уништат кога сме немоќни, можат да бидат оние кои ќе ни помогнат да се опоравиме.

Понекогаш кога сум лута, имам право да бидам лута, но тоа не ми дава за право да бидам непријатна и лоша. Научив дека вистинското пријателство продолжува да расте дури и на голема далечина. Истото важи и за вистинската љубов.

Исто така, ако некој не ве сака на начин на кој посакувате, тоа не значи дека не ве сака најмногу што може. Научив дека зрелоста има врска со искуството кое сте ги имале и она што сте научиле од него, а помалку врска има со бројот на родендените кои сте ги прославиле.

Научив, дури и кога мислите дека немате што повеќе да дадете, кога на вашиот пријател му е тешко, вие ќе најдете сила да му помогнете. Исто така, тешко е да ја одредите границата кога морате да изберете дали ќе бидете љубезни и нема да ги повредите туѓите чувства или ќе се борите за она, во што верувате.

Научив дека луѓето ќе заборават што сте кажале, но никогаш нема да заборават, како поради вас се чувствувале.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: