За Тебе, кој замина речиси без поздрав, што се’ донесе до нешто безначајно. Сеуште не разбирам, како можеме да преминеме од топло во ладно за неколку секунди. Како погледот може да изгуби светлина во еден ден, а зборовите кои предходно изградија цврст темел, можат да станат бомби, насочени кон срцето.
Тебе ти пишувам, да. Кога се предомисли? Дали сме толку слепи и неписмени, па тоа да не го сфативме. Како можев да верувам дека она што е помеѓу нас е вистинито и автентично. Зошто не ми кажа?
Можеби ќе останам без одговори, со илјада сомнежи и чувство на вина која ме убива. А потоа, еден ден ќе сфатам дека сето ова ќе направи да почувствувам повеќе страдање во моите сеќавања.
Тебе, кој замина без поздрав. Кога ме напушти, ми понуди неизвесност како одговор.
Како се предомисли? Одбивам да верувам, дека успеа да избришеш се’ со еден потез. Не само она што еден на друг си рековме, туку и она што сокривме зад гестикулации и гушкања. Желбата да го освоиме светот, да се гушкаме на софата со затворени очи, да се држиме за рака, да се бакнуваме, да си даваме комплименти…Одбивам да верувам во тоа.
Можеби и треба да биде вака, но навистина ми е тешко да поверувам, дека среќното време кое заедно го поминавме од утро до мрак е минато.
Тебе, кој си замина без поздрав и кој престана да се бори.
Ова писмо тебе ти е посветено, создадено од врели зборови со љубов која изгледа, како никогаш нема да заврши.
Сеуште не можам да сфатам како се случи ова, тој недостаток на интерес и желба, па да се затвориме за се’, што неодамна не’ врзуваше. Но, она што најповеќе ме убива одвнатре е неизвесноста дека не ги знам твоите мотиви, кога гледам како не се обиде ниту за малку борба, иако ова не е прв пат бурата да не удри.
Борба е глагол кој го придржува грбот на паровите, барем оние кои пораснале и кои немаат намера се’ да остават по првата прилика.
Извини, но не разбирам. Не е можно да се затвори нешто без клуч, без катанец..нешто што е избрано, наместо да остане отворено. А уште потешко е кога не ја согледуваш можноста да се излечиш или барем да разговараш за тоа што се случува.
Да, ти се обраќам тебе. Тебе кој ме напушти без поздрав. Ти се обраќам тебе, бидејќи твоето отсуство ме гори, гребе и тлее во мене, ова чувството на празнина.
Бидејќи те љубам, ми недостигаш и чувствувам дека си ми потребен.
Сите во своето срце имаат колиба, во која се наоѓаат засолниште кога надвор паѓа дожд.
Leave a Reply