Никогаш не планирај..само живеј го својот живот

Слушни ме. Веднаш, сега. Не те има тебе премногу. Никогаш ниту било така. Ниту ќе те има. Самата идеја е бесмислена.

Затоа што сме родени да бидеме свои. Сите ние. Без исклучок. Сите дојдовме на овој свет да бидеме нај нај луѓе. А, ако некој ти каже дека те има премногу, тогаш единствена вистина која треба да ја запомниш е: многу веројатно дека тие луѓе, ниту сега, ниту некогаш во животот ќе бидат доволни за тебе.

Бидејќи ти си моја девојко, сонце, месечина и ѕвезди. Ти си сила која управува со плимата и осеката. Ти се нескротлив силен глас на полна месечина. Ти си топлина, секс, пот, оган, блажинка, храброст и океан од солзи.

Ти си во се’. Ти си мајка на сите нас и ќерка на Универзумот. Ти ќе изгориш и повторно ќе се создадеш. Ти ги приморуваш Боговите да треперат.

И тоа драга моја е граница која ти ја преминуваш и на многу луѓе поради тоа им станува многу неудобно. Тоа ги тера да се повлечат и да те турнат. Бидејќи тоа, како ти танцуваш со својата сенка и твоето непоколебливо прифаќање на својот сјај, ги тера да се сретнат со необично пространство кое ги восхитува и ги ужаснува истовремено.

Самото твое постоење ги тера да направат чекор кон местото кое не се подготвени да го видат. Бидејќи, ти никогаш нема да бидеш едноставна.

Но, драга, ти не се појави за да бидеш едноставна.Ти си овде поради многу поголеми работи. Ти ги рушуш сите граници. Ти си трагач по вистината. Ти си искушение, предизвик и жар. Ти си огледало и волшебник и внатре во себе имаш вител илјадагодишен.

Така да, ти не си едноставна. Но, во сета вистина, те молам не мисли дека не заслужуваш длабока внатрешна леснотија. Не им давај ниту за момент да те убедат дека никогаш нема да најдеш љубовник, кој нема да побара пред него да се правдаш, да покажеш понизност, смирувајќи ја бурата во себе или да ја пораснеш својата екстравагантна љубов.

Затоа што, моја девојко, тоа е потполна бесмислица. Некаде таму постои љубов која никогаш не ни мислеше дека ќе те повика. Која се изразува себе исто како и ти, во стих, во восокот од свеќи и во ѕвездена прашина. И таа љубов кога ќе ја најдеш, ќе те види и ќе те запознае токму таква каква што си и каква треба да бидеш.

И ќе каже Да. Да- тебе. Да, ќе помине со тебе чуда. Го чекам тоа.

Но, додека тоа не се случи, сакам да го направиш следново. За мене и за секоја жена која мисли дека ја има премногу. Земи се’ што е во тебе премногу, собери ги сите делови од твоето премногу скршено срце и запали пламен. И пушти го во светот се’ она што е бесконечно и совршено, што во тебе е и премногу.

И ти одиш и сакаш премногу силно и плачеш силно и се расправаш многу жестоко. Се вљубуваш многу брзо и тагуваш, многу често и се смееш многу гласно и сама ги одредуваш прецизно условите, неопходни за своето сопствено постоење.

Немој да мислиш да живееш поинаку. Бидејќи ти си ни потребна. На секој од нас, маж или жена, кои сметаат дека се премногу чувствителни. Ти си наш потсетник во најтешките моменти, дека сме токму такви, каков треба да биде секој од нас.

Jeanette LeBlanc

Извор: sobiratelzvezd.ru

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: