Кога луѓето премногу те кршат, имаш само една опција: да бидеш појак. Исклучи ги сите други кои се мотаат во твојата вознемирена глава. Немој да се предаваш, бидејќи ако одлучиш да се предадеш, знај дека тоа не доаѓа од нив, туку од тебе.
Погледни во своите лузни и прашај се колку те научиле да го почитуваш животот, колку ти ја покажале вредноста на малите работи. Со нив, од ден на ден, стануваш позрел човек, кој разбира дека животот не е бајка, туку нешто со кое треба да се соочиш.
Кога луѓето премногу те кршат, имаш само една опција: да бидеш посилна. Кога луѓето ќе те извадат од рамнотежа, обиди се тоа да ти стане предизвик со кој ќе успееш на повисоко ниво во животот.
Не мисли дека нешто спектакуларно треба да се случи, доволно е да ги доведеш своите мисли во ред. А потоа, по некое време, нема да се оптеретуваш што луѓето зборуваат, почнувајќи од тоа, како се однесуваат и што за тебе мислат, бидејќи нема да им дозволиш таквите работи да те извадат од такт.
Ќе станеш појакa, кога во тешки моменти ќе најдеш утеха во луѓето кои не те напуштиле и кои останале твоја подршка. Иако таквите луѓе кои ќе те разберат се малку, ќе сфатиш дека бројот на пријатели не е важен, туку и квалитетот на некој однос.
Ќе станеш појака, кога на својот живот ќе почнеш да гледаш од поголема перспектива, не сфаќајќи го ова што сега го доживуваш, како нешто што ќе трае вечно, туку само како етапа, која како и се’ пред неа, многу бргу ќе помине.
Кога луѓето премногу те кршат, имаш само една опција, да победиш прво во својата глава, а потоа да пронајдеш начин победата да се случи и во животот.
Не мора да прифатите се’ што луѓето ви сервираат, не мора да делите пат со оние кои ве повредиле. Пред секој нов ден имате можност да донесете нов план, со искуството кое сте го стекнале во повредувањата и раните кои ви ги нанеле другите.
Еден ден ќе погледнете наназад и ќе кажете: Да не ми беше толку тешко, немаше да бидам толку јака.
Leave a Reply