Најдобрите работи се случуваат кога најмалку очекуваш

Луѓето влегуваат во вашиот живот често многу изненадувачки, но речиси со исто изненадување и излегуваат од него. Поради некои, ви е жал бидејќи мислевте дека нема да се случи тој ден кога повеќе нема да се дружите.Сепак не е крај на светот. Тие не се дел од вашиот живот и на тоа треба да гледате како на добра работа. Да вредеше, ќе траеше.

Како стареете, така се’ помалку луѓе пуштате во својот живот. Како доаѓаат позрелите години, се помалку сте подготвени да трпите одредени работи. Кога бевте млади, премногу се грижевте за тоа што другите мислат за вас. Правевте одредени работи, (кои во овие години веројатно нема да ги направите), само поради тоа некој да ве прифати.

Сигурно, поради тоа имаше и многу лоши пријателства. Тогаш не ги разбиравте знаците на предупредување или не ги препознавте, дека другите ве газат. Немате време за незрели глупости, дури иако тоа значи дека повеќе нема да се гледате со некои луѓе. Подобро ќе го поминете времето сами, отколку со некој поради кој се чувствувате како да сте осамени.

Што сте постари, помалку се трудите да создавате нови пријателства. Дојдовте до точка, во која стекнување на нови пријатели и остварување на нови пријателства не се повеќе на листата на приоритети. Ни приближно. До сега се искристализирало кои се луѓето кои се секогаш покрај вас.

Сепак тоа не значи дека вие не сте дружељубива личност. Зборувате со луѓето, се дружите со нив, користите забавни активности со нив, но не ги пуштате внатре. Не им се доверувате. Не им дозволувате да видат кога сте ранливи.

Одамна сте ја поминале точката, кога ви е потребна нова најдобра пријателка. Дури и да не сте во добри односи со пријателката за која мислевте дека е најдобра, едноставно, повеќе не ви значи тоа..Не, не сте песимистични или депресивни. Едноставно, немате време за тоа бидејќи така сте одлучиле. И тоа е сосем во ред.

Фрапирани бевте можеби кога видовте со каква леснотија луѓето ве напуштаат. Луѓе, за кои сте мислевте дека се квалитетни и дека секогаш ќе ви се најдат при рака. Тоа е воедно и најлошиот начин да ви се отворат очите.

Но, поради тоа сте посилни. Поради тоа имате така дебел слој на кожа што воопшто не ви е битно што другите мислат за вас. Оние најдобри луѓе и понатаму се со вас и нивното мислење го почитувате, како и вие нивното. Тие се важни. Сите други…ех, среќа, па си отишле.

Кога ќе престанете да се грижите за другите луѓе и ќе почнете да се сакате себе си, тогаш работите почнуваат да се менуваат и тоа на подобро. Вие сте добри за себе. Одвнатре. На сите можни начини. Станувате личност која вистински знае што сака.


Извор: www.minimagazin.info

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: