Дури и кога не го знаеш тоа. И тогаш кога, ти тоа не го бараш. Кога најмногу ти треба. Кога ти е тешко. Кога си среќен и безбрижен. Кога си во прегратката на саканиот човек. Кога си сам. Кога спиеш. Кога си во ново и непознато. Кога си во познато, па не размислуваш.
Некој те чува.
Кога ја преминуваш улицата. Кога некој друг те вози. Кога си гладен. Кога не ти се јаде. Кога си во друштво во кое се смееш. Кога некој ти се насмевнува, а тебе ти се плаче.
Некој те чува.
Кога ќе погледнеш на часовникот и стрелките се поклопиле. Кога фантазираш и создаваш свои соништа. Кога ќе ти излезат пред очи некои слики, на кои си насмеан. Кога новите чевли те стегаат. Кога ќе добиеш книга на подарок. Кога некој ти ги масира нозете.
Некој те чува.
И кога ќе заборавиш да се грижиш за себе. И кога ќе се сетиш Кој си. Кога им подаруваш љубов на другите и кога си бесен и незадоволен поради нешто. Кога ноќе не можеш да спиеш и кога во спиењето ќе го видиш решението за се’. Кога мислиш дека не може подобро, иако во себе се надеваш дека тоа не е вистина.
Некој те чува.
Некој води сметка за секој твој здив и отчукување на срцето. Некој кој те создал и кој те сака, надвор од границите на Љубовта која ти ја познаваш. За некој си совршен токму таков, каков што си. Некој верува во тебе и знае дека можеш! Некој те гледа со очите на љубовта и ти ја дава потребната сила. На некој си му доволно добар и ти дава се’ што е потребно.
Некој те чува.
Извор: Биљана Бедричиќ- pozitivnapsihologija.com
Leave a Reply