Не е најсилен оној кој најмногу трпи, туку оној кој знае да ‘пушти’.

Животот е прекраток за да трчате по некој кој веќе знае каде сте, каде живеете и ги знае вашите тајни. Она што е сигурно е дека постојат луѓе кои се грижат за вас.  Важни се многу во нашиот живот.

Тешко е да се разбере ситуацијата бидејќи вистинското интересирање за другите не зборува со јазикот на себичноста. Запомнете дека вашиот број на телефон може да биде напишан како и сите други…и всушност не постои недостаток на време туку недостаток на волја. Само помислете кога некој нешто сака или му е нешто потребно, во состојба е да премести мориња и планини за да најде слободен момент.

Да молите за ронка внимание кое не сакаат да ви го дадат, не е здраво никогаш. Ако за момент се замислиме, една работа која се постигнува со овој став е само продолжување на страдањата. Да се потчините на туѓата волја и да станете марионета на неговите потреби и желби.

Во таа смисла, секако, постојат работи кои се случуваат бидејќи мораат да се случат, но постојат и оние другите кои се случуваат поради нашето однесување. Не можеме да бидеме слободни, ниту среќни, ако живееме држејќи се за надежите со кои другите управуваат.

Тешко е да се пушти она што ние сметаме дека е навистина наше, било да се работи за луѓе или чувства. Ние се’ собираме и како камен го ставаме на грбот- чувства на идентитетот и припадноста која се заснива на страв од загуба на нешто во што веруваме и го сметаме за важно.

Меѓутоа, иако тој емотивен хаос не врзува за некои луѓе, ние се чувствуваме исцрпени. Многу е веројатно дека ќе се појават себични чувства кај нас кога ова ќе го разбереме, страшна состојба за нашето емоционално здравје.

Чувството дека не можеме да поднесеме повеќе некои ситуации или некои луѓе, односно не успеавме е изненадувачки вообичаено чувство. Темелот на ова чувство е страв кој се создава за да се соочиме со празнината која ја создава загубата. Со други зборови, чувствуваме дека ако престанеме да се жртвуваме, ја губиме приликата да изградиме емотивна приказна на нашиот живот.

Меѓутоа, она што навистина работиме е најсурово однесување кон самите себе, кон нашите очекувања и желби. Патувањето кон емоционална слобода се гради од каменот кој го отфрламе; или од чувствата и токсичните луѓе кои не’ водат во пропаст.

Тоа е едноствен начин да се направи простор за нашите сили, да ги прифатиме своите грешки и да бидеме во состојба да ги изнесеме своите намери и посветеност.

На овој начин, избегнуваме песимизмот да изврши инвазија во просторот на оптимизмот, зголемувајќи го нашиот ентузијазам за живот и наша благосостојба. Не е најсилен оној кој најмногу трпи, туку оној кој ќе ‘пушти’.

Ако не носи радост во твојот живот- пушти го..

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: