НЕлуѓето во твојот живот имаат една цел без никаков срам да упаднат во твојот живот, бидејќи немаат што да прават во својот, па трачарат и малтретираат се’ околу себе. Задржи го својот мир!
Имаат тие некој чуден пех. Ќе полакомат на туѓите соништа бидејќи своите не ги оствариле, не дозволувајќи им да ги остварат. Луѓе се тие кои мислат едно, зборуваат друго, а прават трето и тоа им е нешто сосем природно и нормално.
Не дозволувај да страдаш од луѓе кои не знаат да сонуваат па ги грабаат туѓите соништа, тие не ја гледаат магијата на убавиот момент, туку светот го гледаат како црна дупка и тоа без престан му го раскажуваат на сите.
Не дозволувај покрај тие луѓе да ти помине животот, бидејќи еден ден ќе се прашаш, каде отиде вистинскиот живот сиве овие години, зошто се согласи на помалку од она што посакуваш и заслужуваш, бидејќи таквите луѓе те навикнаа, да бидеш далеку од се’ што е убаво и вредно.
Слободата е чудесен дар, слободата значи сам да можеш да избереш каков ќе биде твојот пат, кои ќе бидат твоите сопатници и која ќе биде твојата цел. Сите тие кои ќе се обидат да те застанат, да те тргнат или променат, не заслужуваат да ги задржиш во своите мисли.
Пронајди ја смислата на својот живот и следи го своето срце. Научи да го почитуваш своето време, бидејќи ќе сфатиш дека најголемите крадци на нашето време, не се луѓето кои ни ги земаат работите, туку оние кои бесмислено го трошат нашето време.
Кога ќе ја поставиш својата цел, јасна и конкретна цел пред себе, помалку ќе размислуваш за луѓето кои од страна те напаѓаат и те одалечуваат од се’.
Сфати дека не постојат некои големи колосални одлуки кои го менуваат живот, се работи само за тоа, секој ден да им одолееш на мислите и луѓето, кои од добриот живот те одвлекуваат.
Leave a Reply