Во животот постојат само две патеки; или низ животот одите сами бирајќи го својот пат или ве туркаат. По овие два пристапи кон животот се разликуваат луѓето на овој свет. Постојат луѓе кои сами го создаваат својот живот, ја обликуваат својата иднина, носат одлуки и живеат со последиците од тие одлуки.
Од друга страна постојат и оние, кои само чекаат нешто да им се случи. Тие најчесто не се задоволни од својот живот, бидејќи обично што и да се случи, нив не им е одговара. Разликата е во тоа сами да одберете или да бидете оние кои ќе бидат или нема да бидат избрани.
Било, како било, секој од нас има моќ да го обликува и создава својот живот и всушност во тоа е магијата на животот. Многумина се жалат дека не се успешни, но во горе наведениот факт, не гледаат проблем.
Сите резултати со кои се соочуваме, се последица на нашиот избор. Ако сме среќни тоа е знак дека добро и правилно сме избрале, но ако не сме среќни, тоа е знак дека правото на избор во нашиот живот му го препуштаме на друг.
Затоа ние сме творци на својот живот, а тоа значи да се расте и да се развива. Имено, кога ќе изберете да негувате некоја вредност, вие сте одлучиле активно и позитивно да го обликувате својот живот.
За да престанете да бидете пасивни не е лесно, но тоа е чекор кој мора да го направите. Затоа еднаш треба да престанете да чекате услови, посебно инспирација, нечија дозвола, отсуство на ризик, потврда дека се ќе биде добро и други замки во кои влегувате.
Рабиндрант Тагоре еднаш рекол: ‘Не можете да го препливате морето ако само гледате во водата. Затоа, отворете се за приликите и одиграјте ја својата карта. Ќе видите какво чувство ви дава сознанието дека работите нешто што можете, посакувате и сакате.
Не морате веднаш да го видите целиот пат до крај, важно е само да го направите првиот чекор. Затоа, продолжете да се движите и патот пред вас ќе се појави. Вие сте оној кој одбира и можете да се надевате на некои резултати.
Одберете подрачје од својот живот кое сакате да го промените и започнете со одредени чекори..Успехот секако ќе дојде.
Leave a Reply