Препознај ги луѓето кои ти го загорчуваат животот

Нашите чувства не се само една од димензиите на нашиот живот, тие се наш живот. Од деца не’ учеа да бидеме сочувствителни кон своите блиски и кон другите луѓе. Но, во текот на животот остануваме изненадени кога ќе доживееме навреда и мислиме дека таквото однесување доаѓа намерно од другите.

Како навредите стануваат чести, поинтензивни и се’ подлабоки, стануваме збунети и немирни, се додека не го сфатиме фактот, дека постојат луѓе кои не се грижат за туѓи чувства, дури им е задоволство да ги згазат.

Затоа како созреваш, така внимаваш на туѓите чувства, бидејќи во тебе живее човек, човек кој верува во доброто во луѓето, па се прашуваш, внимава ли некој на твоите чувства?

Колку луѓе низ твојот живот поминуваат, а не се грижат за тебе? Колку од нив ги знаат твоите слабости, твоите тешки моменти, колку од нив ги знаат твоите сомнежи и стравови, колку од нив ги знаат твоите болки и се обидуваат да бидат твое раме за плачење. Колку од нив ќе те изненадат со повик, порака, насмевка, кога најмалку очекуваш?

Вистина е дека низ твојот живот ќе поминат многу луѓе во потрага по некој свој интерес, некој скриен мотив, но ќе поминат и многу добри луѓе, кои те подржуваат, охрабруваат, сочувствуваат, прифаќаат и го прават твојот свет подобро место за живот. Поради такви луѓе се исплаќа да се внимава на туѓите чувства, се исплаќа да се биде човек, нив да ги чуваш како капка вода на дланка, бидејќи ако ги повредиш, овој свет ќе изгуби една своја добра страна.

Препознај ги тие луѓе на време и подели го својот живот со нив.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: