Астро прогноза од 3.01. до 9.01 2022 година

Овен

Треба да ја искористите оваа седмица што подобро. Трудете се вашите постапки да бидат промислени и зрели бидејќи ќе избегнете да правите грешки и без проблем да одите напред. Ќе бидете многу амбициозни, но исто така ви е потребно и да бидете трпеливи. Многу е важно да направите јасен план и да бидете реални. Трудете се да бидете повеќе одговорни и не превземајте на себе обврски кои не сте во состојба да ги завршите. Кога се во прашање финансиите, многу е важно да ги држите стабилно и да не влегувате во големи трошоци.

Бик

Оваа седмица фокусирајте се на своите врски и односи со луѓето. Ќе се трудите да ги решите сите несогласувања кои ги имавте со луѓето кои ве опкружуваат, ако доволно искрено се потрудите за тоа да може и да ви успее. Ако ги признаете своите грешки од минатото и ако се извините за некои лоши постапки, вашите односи со луѓето, посебно со оние кои ви се блиски, можно е да се поправат. Кога е во прашање вашата кариера во оваа седмица можно е на крајот да ја превземете конечно контролата над некои работи. Кога се во прашање вашите финансии моментално поминувате низ тежок период. Обидете се малку попаметно да го планирате свој буџет.

Близнаци

Близнаците во оваа седмица ќе можат да заблескаат и да ја покажат својата креативност. Имате многу идеи и успевате да дојдете до решение токму кога се чини дека работите тргнале во ќорсокак. Некои Близнаци ќе добијат вести кои долго ги чекаат и кои ќе им го поправат расположението. Во оваа седмица можат да се случат многу промени во вашиот живот кои можат да ви пореметат и некои планови. Кога е во прашање вашата кариера ќе избегнете некои грешки и ќе постигнете свои цели. Не се занесувајте со својот претеран ентузијазам.

Рак

Оваа седмица ви носи многу мудрости и смиреност што ќе ви помогне да решите некои несогласувања кои ги имавте на работа. Добро искористете го почетокот на седмицата за да го потврдите својот распоред и да ги направите работите. Остатокот од седмицата ќе ви бидат полесни. Пред крај на седмицата обидете се да смислите некои паметни решенија за проблемите кои ве мачат. Погрижете се вашата рационалност да не ја потиснува вашата креативност. Пред викендот ќе дојде до промена на вашите финансии. Добрите вести ќе ви донесат надеж и оптимизам во овој дел од вашиот живот.

Лав

Во оваа седмица ќе докажете дека можете на паметен начин да управувате со изненадни ситуации со кои ќе се соочувате. Чувствувате потреба да се решите од се’ што ве ограничува и спречува. Внимавајте како ја изразувате оваа потреба во својот љубовен живот. Дајте реална проценка на фактите, за да не ја прекинете врската од погрешни причини. Во оваа седмица можно е да се појават некои непланирани ситуации со кои треба да се соочите. Кога се во прашање финансиите мора да бидете организирани и насочени на своите цели.

Девица

Девиците во оваа седмица ќе бидат организирани и насочени на своите цели што ќе им овозможи сите свои обврски да ги решаваат на време и без стрес. Работите изгледаат добро на работа. Ќе ги решите нерешливите проблеми, а неочекувано ќе се појават неочекувани предлози. Размислете пред да донесете одлука, енутзијазмот да не ве занесе. Ве задвижува вашата амбиција, која пронаоѓа начин да се оствари. Меѓутоа, за тоа е потребно време. Што се однесува до финансиите, спорите и постојани чекори ќе ве донесат каде што треба да бидете.

Вага

Многу Ваги во оваа седмица ќе можат подобро да го организират својот живот. Зрело и јасно размислување ве тера да ги согледате работите од вистински агол и да донесете одлуки кои ве мачат, бидејќи се чувствувате несигурно или не сакавте да бидете неправедни кон другите. Кога е во прашање вашата кариера ова седмица можно е да биде многу успешна, бидејќи ќе решите некои работи кои веќе некое време стојат во место. Не дозволувајте си себеси да бидете тврдоглави и обидете се да покажете повеќе разбирање. Кога се во прашање финансиите треба да направите јасен план бидејќи вашето неразумно трошење може да ве вовлече во долгови.

Шкорпија

Во оваа седмица ќе мора да ги решите некои работи кои ги влечакате веќе некое време и тоа ќе ви донесе олеснување. Истовремено пред вас е нов почеток, со цврсти темели, вистински планирања и метода. Максимално ќе го искористите своето животно искуство за да конструирате оптимален акционен план. Кога се финансиите во прашање мора да се решите од долговите, ако ги планирате за понатаму своите финансии.

Стрелец

Доцнењата и расправиите ве исцрпија и ќе направите се’ тоа да го совладате. Овој викенд е идеален за дружење со пријателите, забава и квалитетно време со семејството, пријателите или партнерот. На работа се движите смирено и методично. Ја сфативте важноста на придржување на распоредот и одржување на совршена дисциплина. Понекогаш можете да изгледате површно, меѓутоа овие денови ќе бидете многу структуирани и собрани во своите мисли и постапки. Вашите финансии ќе ги окарактеризира пријатни раздвижувања, кои мора максимално да ги искористите.

Јарец

Во оваа седмица конечно ќе можете да размислите за некои работи и да гледате поинаку, а некои работи конечно ќе можат да добијат смисла. Реорганизирајте го својот живот со цел работите околу себе што повеќе да одговараат на вашите потреби. Обврските на работа сигурно ќе се зголемуваат ако не ги решавате на време. Вашето аналитичко и организационо размислување ќе се покаже од голема помош затоа максимално искорестете го. Ова ќе ви донесе финансиска поддршка.

Водолија

Оваа седмица ќе биде прилично хармонична и покрај сите потешкотии кои ќе ви се најдат на патот. Со леснотија ќе наоѓате решение за секоја препрека која ќе ви се најде на патот. На работа ќе се движат работите на подобро, ќе имате прилика да ги искажете своите размислувањаа и да давате предлози. Расположението е позитивно, затоа избегнувајте нетактично однесување. Се одржува рамнотежа на работното место и соработката ќе биде беспрекорна. Што се однесува до вашите финансии, внимавајте да не се занесте и да потрошите повеќе.

Риби

Оваа седмица ќе биде многу позитивна за Рибите. Вашите амбиции ќе ве понесат, па бидете смирени и трпеливи. За викенд можете да уживате и да поминете квалитетно време со членовите на своето семејство. На работа, се’ ќе биде во ред, но само под услов обврските да ги завршите на време. Бидете мудри и организирани и така никој нема да може ништо да ви забележи. Вашата финансиска ситуација во оваа седмица можно е во голема мера да се поправи, но сеедно мора да водите сметка за своето трошење.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: