Доста ми е! – дали знаете да ги поставувате своите граници?

Понекогаш едно ‘Доста ми е!’ е важно за исцелување на односите. Не треба да се чувствувате виновни поради тоа. Спротивно на тоа, поставување на јасни граници може да гарантира рамнотежа и добробит.

Доста ми е. Дали на некој тоа му го кажавте? Утврдувањето на своите права, поставувањето на јасните граници и јасно ставање до знаење дека нема да толерирате одредено однесување или ставови е важно за здрави врски и односи.

Никој не заслужува да живее во горчлив свет на потиснати потреби. Стравот има многу лица. Суптилен е, повеќезначен, сложен и често поразителен. Тоа е затоа што не доаѓа само од закана, опасност. Постои и страв да не ги разочарате луѓето и загриженост дека нема да ги исполните туѓите очекувања. Овој страв од чувството дека ги разочарувате другите луѓе, страв од тоа да кажете ‘не’ кога сите очекуваат да кажете ‘да’ може да се најде во секој аспект од авашиот живот.

Ако запнавте во животот без емоционални граници кои ве штитат, тогаш ќе завладее хаос и неред. На другите ќе им изгледате организирана, ефикасна и грижлива личност. Меѓутоа, внатре е се’ измешано и одвоено. Тоа влијае на вашиот идентитет и вашата самодоверба.

Обично кога луѓето ќе дојдат до точката кога ќе кажат ‘доста ми е’ се исфрустрирани, сити од се’ и тешко им е ефективно да комуницираат. Тоа доведува до негативни емоции, фрустрации и лутина. Запомнете дека не треба да заборавате на своите лични граници. Тие се здрави не само за вас туку и за луѓето околу вас.

Затоа кажете ‘Доста е!’ секогаш кога има потреба за тоа и не треба да ви биде болно. Не треба да се чувствувате. Не треба да се чувствувате виновни поради поставувањето на границите. Спротивно на тоа, поставувањето на границите е важно за здрави врски. Кога се чувствувате добро, способни сте да им помогнете на другите и да создадете смислени и трајни врски.

За овие работи треба време и многу лична работа. Мора да престанете да го храните својот страв поради тоа што луѓето ќе кажат или направат ако се потрудите и ќе кажете ‘Доста ми е!’

извор: exploringyourmind.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: