Сфаќате дека секој час посветен на таа личност значи губење на својот живот и себе. Сиот труд заминува во минатото, бидејќи ништо не вроди со плод за да се смени другата страна. Сфаќате дека никогаш ниту можевте повеќе. Само се напуштивте себеси. А колку трае опоравувањето за да се кренете на нозе и да се вратите во нормала?
И се’ повторно исто. Верувавте, ја отворивте вратата, повторно дозволувајќи да влезе во вашиот живот, простор, срце. Таа иста личност повеќе пати ве изневери, повреди, но сепак тоа некако беше порано.
Сега е поинаку.
Сега навистина разбира, навистина се промени и нема повеќе да ве повреди и овој пат тоа е тоа. Некако чувствувате дека многу пати веќе објаснивте и сега мора тој другиот да ја разбере другата страна. И првите неколку денови е се’ во ред, иако можеби самите себе се лажете, но… и понатаму не е во ред. Но, толку сакате да успее што ќе замижете и на ‘оние’ ситни грешки. После неколку недели (или неколку дена) работите стануваат повторно чудни, повторно нешто се случува.
Што се случува?
Исто што и порано. Не ве гледа, ве игнорира со молчење, престануваат убавите пораки и повици. Од носење на небо, доаѓате до тоа дека не сте доволно вредни ниту да ви одговори на порака. Престанува заинтересираност за вас, сите ветувања паѓаат во вода, сите договори се менуваат и во еден момент сфаќате дека сте повторно во кругот на казнување и манипулирање.
Тоа веќе го поминавте неколку пати, сега веќе препознавате некои елементи на тоа другото однесување, успевате да препознаете дека пополека влегувате во круг од кој толку пати се кревавте и тешко се опоравувавте.
Повторно се соочувате со тага, повреда, болка…
Истрошени се и вашата волја и љубовта да биде подобро. Најтешко е да си признаете себеси дека овде повеќе нема ништо, дека не чувствувате она што некогаш чувствувавте за таа личност. Станувате свесни дека не можете да преминете преку се’ и да продолжите понатаму во тони на лажна љубов од другата страна. И да останете во тоа и да чекате некој нов почеток, во своето срце сфаќате дека нема смисла. Во овој однос постоеше само друга личност и нејзините потреби. Сфаќате дека никогаш не можевте ништо. Само се напуштивте себе.
Да се вратите себеси значи да се сакате себе, да си ги почитувате границите и да не дозволувате некој од вас да прави будала, свесни сте за своите чувства кои велат дека нешто или некој не е за вас. Сетете се на ова секогаш кога некој ќе тропне на вашата врата.
Leave a Reply