Кога самата себе се лажеш?

Се навредуваш и си нанесуваш болка самата себеси секој пат кога ќе кажеш дека ти е добро, а душата ти е скршена, кога ќе испукаат и последните шавови во обид да го зашиеш. Не ти е тебе одамна добро, бидејќи се гушиш во врска со некој кој ти станал странец. Или чекаш капката да ја прелие чашата или просто отупе на гласините дека тој те изневерува или не ти посветува доволно внимание или си невидлива покрај неговиот нов свет. Или можеби толку многу напредуваше, а тој сеуште е заробен во своето секојдневие.

Во секој случај, ти глумиш дека си среќна и дека е се’ во ред. Во реалноста таа глума ти создава огромен притисок.

Навечер кога ќе си легнеш, се сеќаваш дека некогаш се’ било добро и наредено, но во меѓувреме се случи живот кој со себе носи нивоа на хаос. Ти сеуште играш на картата дека сте совршен пар.

Тие не знаат дека тој секогаш има замерки дека премногу работиш, а тој всушност не знае дека работата е бегство од вашата врска, некогаш така среќни и спонтани, а сега двајца странци кои делат ист покрив и кревет. Постелата стана ладна и се чувствува острината на рабовите на ѕидовите кои во меѓувреме ги изградивте. Не се познавате повеќе. Забележа трагови на кармин на неговата кошула и премолча, затоа што тебе ти се допаѓа колегата на работа.

Страст, од кога не ја чувствуваш?? Сеуште си заробена и мора сама да се ослободиш од тој замок, бидејќи ти не си принцеза, ти си птица која е создадена за лет.

Немој себеси да се кочиш, да се фрустрираш, не се ограничувај, се’ што ти создава терет на душата- пуштај и заминувај, бидејќи само тогаш ќе почнеш да дишеш со полни гради. Не се дружи со луѓето кои те оптеретуваат, кои ти се смејат зад грб, кои со тебе се дружат од корист. Знаеш добро, кои се тие и се дружиш од навика или од досада.

Едноставно, не собра храброст да побараш некои нови луѓе, да влезеш во некои нови приказни и судбини.

Не е лесно да се напушти досегашниот живот, работата, бракот, врската, пријателите, но во светот има толку многу инспиративни луѓе и приказни кои од корен го сменале својот живот и почнале да ги живеат своите соништа. Тие едноставно сфатија колку се вредни и повеќе никогаш не дозволија некој да ги гази.

Ништо не е вредно ако не си искрена кон себе, ако сама себеси не си погледнеш во огледало и да си кажеш себеси дека си доволна, дека вредиш и дека заслужуваш дека ќе бидеш среќна.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: