Ако не сте сигурни дали вашиот избор е вистински или ако се двоумите помеѓу две жени и за себе и за нив ќе направите услуга- ако ги оставите!
Драги мажи мора да научите една многу важна работа. Како прво, ако веќе се најдовте во ситуација да ги сакате двете или дури и повеќе жени и сакате да изберете меѓу нив две – не го правете тоа! Веројатно ниту една од нив не е вистински избор.
Ако се доведете во ситуација истовремено да сакате неколку жени, тоа значи дека на секоја од нив нешто му недостасува. На една можеби и’ недостасува сериозност, на другата можеби опуштеност, третата е непослушна и дива и не е за секој ден….И така во недоглед.
Таквите ситуации само покажуваат дека сеуште не сте ја пронашле својата вистинска личност. Кога ќе ја пронајдете својата сродна душа, онаа вистинската или наречете ја како сакате – нема да ја споредувате со другите. Ќе биде таа и само таа. Се’ друго се празни приказни.
Се’ додека себеси се носите во ситуација да засакате друга жена покрај онаа со која веќе сте во врска- таа не е ваша подобра половина. Подобро да не бидете ниту со една од нив, бидејќи ако тоа го направите, секогаш ќе се појави некоја друга, која има она што другите немаат и ќе ја споредувате со неа.
Но, не треба да живеете во заблуда. Таа ‘соврешена’ жена не е најдобра. Има свои мани, недостатоци и ситници во своето однесување кое ќе ве излуди, но и понатаму ќе ја сакате и нема да ви падне на памет да и’ најдете замена. По тоа се познава сродната душа.
Многу мажи не се доволно храбри ниту да ја почекаат. Ќе се оженат со онаа со која им е ‘ОК’ бидејќи им е време за женење или од било која друга причина.
Leave a Reply