Да се биде добра личност некогаш не е многу користо, туку токму спротивното -често ни ги отежнува работите и можно е да ни се случат лоши работи.
Се стремиме кон љубов која ќе биде наше сигурно пристаниште. Секој покрај себе сака добра личност, но не сакаат сите да признаат една болна вистина – тешко е кон добрите луѓе да се чувствува страст. Ова не е нужно вистина, се’ зависи од тоа што на човек му е привлечно.
Но, генерално добрите луѓе, ги гледаме како наивни, слаби, немоќни, лесни за користење и тоа не се особини кои во нас не будат страст. Она што буди страст во човекот е разиграноста, отвореноста, опуштеноста, заводливоста…
А тоа често им недостасува на добрите луѓе. Добриот човек е наивен и нерасипан, со нив е убаво да се биде во врска, но тешко се одржува страста. Тоа е личност која ќе биде сјаен пријател, сосед, брат, сестра…но не и партнер.
Како партнер, ќе ве држи како малку вода во дланка, но нема да ве заведе така добро. Како партнер ќе се грижи за вас, ќе ви даде се’ и често ќе се жртвува себеси за да ви удоволи. Но, сепак и понатаму со таа личност тешко ќе се одржи страста.
Како партнер ќе направи се’ да ве задржи, а прашање е дали ќе бидете доволно пожртвувани да не го изневерите и покрај фактот дека ви недостасува страст. Ако не сте на исто ниво, тешко ќе успеете покрај таков човек да бидете среќни.
Leave a Reply