Некој во вашето минато ве научи на тешка љубов. Ве научи дека ранливост значи слабост. Бевте силни за да издржите многу работи кои не ги заслуживте. А потоа запознавате добар маж. А кога тоа ќе се случи, сфаќате колку е силно негативното влијание на вашиот поранешен однос. Не сте научени некој добро да се однесува кон вас, така да тешко го отфрлате тој став.
Кога сте во токсичен однос, не сфаќате колку сте емоционално злоставувани и колку тоа влијае на вас. Барем не додека сте во него. Се’ е врзано за него е од зависничка природа. Знаете и не знаете што ќе се случи.
Се надевате дека тоа ќе се промени, но постои и утеха во работите кои остануваат исти. Постои некоја врста на удобност кога некој така длабоко те познава. Тешко е да се тргнете од тоа. Дури и ако си одите, ќе сфатите дека ви недостасува. Ви недостасува тој адреналински налет на емоции. Од љубов до врескање.
Но, тогаш ќе запознаете добар маж. А кога тоа ќе се случи, ќе сфатите колку било негативно влијанието на вашиот предходен однос. А понекогаш и ги туркате луѓето од себе поради тоа. Не сте навикнати, некој добро да се однесува кон вас, така да тоа го отфрлате.
1. Во почетокот очекувате најлошо.
По токсичниот однос, не му верувате на никој. Дури ниту себеси. Се прашувате зошто толку долго го толериравте таквиот однос. И влегувате во секој однос, очекувајќи најлошо од некој. На некое време, не верувате дека добрите мажи воопшто постојат. Бидејќи така долго баравте погрешни квалитети и ги прифаќавте луѓето кои не ве заслужија.
2. Анализирате се’.
Мислите дека секој има скриени мотиви или дека она што ќе кажат има прикриено значење. Кога често некој ќе го фатите во лага, едноставно станувате параноидни. Не верувате дека луѓето можат да бидат искрени или она што го зборуваат- значи токму тоа. Создавате луди претпоставки и се сомневате во добри луѓе само поради една личност.
Следно што се случува- му објаснувате на овој маж како дојдовте до овој заклучок во својата глава и тој е збунет. Не затоа што се сомневате во него, туку затоа што некој тоа ви го направил и што ви се чини дека тоа ќе се повтори.
3. Мислите дека е премногу добар за да биде вистински.
Некој кој кон вас се однесува така добро – сигурно е предобар за да биде вистински. Очекувате да се открие и другата страна. Очекувате дека еден ден ќе го изгубите. Очекувате крај на приказната. Но, секој ден, тој ви докажува како е иста личност како и на почеток.
4. Се обидувате да го истуркате од својот живот.
Некој во минатото ве наведе да верувате дека не заслужувате најдобро. Значи, кога тоа ќе го добиете, вие тоа и го отфрлате. Се плашите од добрите работи, бидејќи не сакате да ги изгубите. Не сакате повторно да бидете повредени, така да се обидувате се’ да уништите.
Но, она што ќе сфатите дека е поинаку кај овој маж – кога ќе почнете да бегате, тој ќе ве прогонува. Кога ќе го турнете од себе, тој ќе ве фати за рака и нема да ве пушти да одите.
5. Очекувате расправии.
Но, наместо тоа се’ е добро искомуницирано и објаснето. И тука е тој бран на пријатност кога ќе сфатите дека луѓето не ги комплицираат односите.
6. Премногу се извинувате.
Ќе ве праша зошто така често се извинувате. Ќе види болка во вашите очи поради некој од минатото, некој кој ве донесе да се сомневате во себе. Ќе види болка во вашето срце, бидејќи во минатото ви било скршено.
7. Почнувате да му верувате.
Ќе дојде моментот кога на овој маж ќе му кажете што се случило. Моментот кога доволно ќе му верувате за да го пуштите многу блиску. А кога ќе му кажете се’ за луѓето кои ве повредиле, нема да се откаже од вас. Тоа ќе му биде причина да остане.
Некој во вашето минато ве научи на тешка љубов. Таа личност ве научи дека ранливост е слабост. Моравте да бидете јаки и да издржите многу работи кои не ги заслуживте. Но, денес сте прекрасна личност токму поради тоа. И поради тоа, вистинската личност ќе ве цени поради сето тоа што поминавте.
Leave a Reply