Душо, дали си кралица на драмата?

Интригантно е како нашиот ум создава слика за некој кој можеби воопшто не го познаваме или сме го познавале некогаш одамна…Па стануваме зависни за своите илузии. Создаваме навика на повторување на мислите и тогаш пуштаме да не’ носат и да не’ фрлаат од еден очај во друг, проживувајќи во својот ум вистински мал пекол иако всушност не ни се случува ништо. Но, ние ја живееме својата мала приватна драма во интимата на својот ум. И речиси сме зависни од неа.

Оние приказни кои од ден на ден си ги повторуваме самите во себе и во кои толку безусловно веруваме, иако…тие често постојат само во нашата глава.

Звучи познато? На сите ни се случило?

Се вљубивме во својата илузија. Ќе си раскажеме самите на себе некоја приказна за таа личност, за нас и нашата среќа со неа, за некоја иднина, а стварноста раскажува сосем друга приказна. Во таа стварност таа личност често нема да биде во наша близина, живее некаде на друго место свој живот и воопшто не се сеќава на нас. Но, во приватноста на својот ум ние вртиме сценарија.

Веруваме во нив, носиме одлуки темелени на нив, туркаме други луѓе, потенцијали кои нудат вистинските односи, бидејќи ние ја сакаме нашата илузија.

Романтика во измислени односи? Тоа е рамно на самоубиство.

Неодамна, мојата бивша љубов ми испрати срце во порака. Мало, црвено срце кое не сакаше да ми го праќа додека бев луда по него. Тогаш едвај му текнуваше да ми прати порака. Глумеше ѓубре- всушност тоа и беше, само јас мижев. Не ми требаше долго време за да сфатам дека треба да го откачам.

Времето помина, животот продолжи, заборавив на таа приказна и ми стигнува срце во порака.

Но, знаев како си поминав на тој пат и ме болеше. Ми требаше време да ги залечам раните и да заборавам. Зошто да ја отворам таа рана? Зошто да ја отворам приказната која ниту првиот пат немаше хепи енд.

Да бидеме реални, да беше тоа вистинска приказна, немаше да има таков крај. Вака одлучив дека тоа срце нема за мене тежина, не ме интересира контекстот и на тоа нема да се враќам. Вистина е дека се сомневам оти тој ги разбуди чувствата кон мене после толку време, далеку еден од друг. Повеќе сум убедена дека неговото его има потреба од храна, па се надева дека пратената порака ќе му даде убава гозба. Мене во таа умна приказна, во неговата илузија за незаменлив и незаборавен маж – ме нема.

Тоа повеќе ми изгледа на обид за контрола, да се провери дали има мала, убава кукла секогаш на конец?

Многумина тоа го прават, не само мажи, туку и жени. Се хранат со тоа- вечно гладни. Такви луѓе не ни требаат. Зарем некој од нас на некој сака да му биде емотивна храна? Енергија, бензиска станица на која доаѓаат, ќе го наполнат резервоарот и продолжуваат понатаму? А нас кој што не’ прашува?

Маѓепсан круг, ако не се прекине тој однос на време. Во таа битка нема победник, само губитници.. Единствени победници се оние кои свесно излегуваат од игра, кои престануваат да ги вртат своите сценарија во главата, сосем свесни дека се тоа само сценарија за зависност и драма.

Марија. К.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: